Mарија Савиќ е студентка на Филозофскиот факултет во Скопје, која се занимава со анимација, а понекогаш и фотографија. Истовремено, таа работи freelance како концепт артист и илустратор.
На нејзиниот стил најмногу влијаеле Gerald Scarfe и естетиката на игрите Dark Souls.
Инспирација пронаоѓа во делата на Frank Herbert, Theodore Sturgeon и Gene Wolfe, како и од луѓето околу нејзе.
Савиќ е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации.
Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: