Марија Смиљевска е фриленс графички дизајнер и илустраторка од Скопје. Со графички дизајн се занимава веќе три години, а љубовта кон цртање ѝ се враќа пред 7 месеци после долга пауза и почнува за прв пат со дигитална уметност.
Најголем дел од илустрациите ѝ се портрети, а инспирацијата ја наоѓа во луѓето наоколу и анимирани филмови и серии.
Најголема инспирација за стилот кој таа го опишува како semi-realistic cartoony е уметникот Alicja Nai.
Таа е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: