Марија Треневска е архитектка, со завршени магистерски студии на Архитектонскиот факултет во Скопје. Таа уште во студентските денови почнала да се занимава со цртање илустрации, дизајн на логоа и икони за мобилни апликации.
Со тек на време тоа прераснало во пасија, испреплетена со нејзината професија. Моментално работи како архитект во архитектoнско студио и паралелно истражувам различни стилови и техники на дигитален цртеж.
„Главниот впечаток кој сакам да го постигнам со илустрациите е разбирливиот минимален стил како одраз на објективната реалност. На моменти тоа е прилично тешко, но баш тогаш предизвикот и возбудата се поголеми. Инспирација за илустрациите црпам од секојдневните случувања на глобално ниво, како и од разни историски настани и личности. Овие информации се трудам да ги донесам до поширока публика преку моите дела“, вели таа за Радио МОФ.
Треневска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram