Маријана Андревска е „full time“ продукт дизајнер од Скопје. Таа е страстен љубител на колаж техниката, па во нејзините дизајни често може да се забележат минимализмот и ретро-винтиџ стиловите на дигитален колаж.
„Ако работното време ми е исполнето со плански и смислени концепти наменети за потребите на интернет корисниците, Инстаграм е просторот каде делувам стихијно и интуитивно, простор каде чувствувам бескрајна слобода да творам она што во моментот го мислам, чувствувам, доживувам…“, вели таа за Радио МОФ.
Андревска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: