Марко Јанев е фриленс илустратор и аниматор, кој моментално живее во Хо Ши Мин, Виетнам. Тој работи на детски илустрирани книги, стрипови, едукативни детски анимации, сторибордови, дизајни поврзани со теми за животната средина како и „character design“.
„Скицирам, цртам, анимирам, зјапам во облаци и во улични ќошиња, пешачам со километри, сркам нудли и пак зјапам. Пијам кафе на некој тротоар, ќе сменам албум за слушање и пак сè одново. Во вечерните часови менувам пиво место кафе и понатаму „ко му иде“, изјави Јанев за Радио МОФ.
За инспирацијата, пак, вели дека доаѓа од најбизарни сонови, па до „најтупо јаве“.
Тој ги поздрави своите пријатели од културниот центар „Кула“ и „Lighthouse hostel“ во Скопје, како и поранешниот реис, кому саркастично му ја честита победата над коронавирусот.
Јанев e уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: