Мартин Левковски е студент, графички дизајнер на Факултетот за дизајн и мултимедија при Универзитетот ФОН. Средно образование завршил во средното уметничко училиште „ДСУЛУД – Лазар Личеноски“ на отсекот за графика во Скопје и оттогаш посериозно се занимава со уметност.
„Илустрацијата и дизајнот ми се пасија од најмала возраст, цртам од кога знам за себе а инспирацијата ја црпам најчесто од секојдневието… фимови, музика, режисери и писатели, артисти кои оставиле било какво влијаније врз развојот на мојот стил но и секојдневни ситуации“, вели тој за Радио МОФ.
„Креирањето на едно дело најчесто започнува со идеја која ја пренесувам на парче хартија, за подоцна да биде реализирана дигитално. Обично комбинирам апстрактни мотиви со реалистични елементи. На илустрацијата гледам како простор каде што имам најголема слобода во креирањетона едно дело или еден вид на олободување на умот. Бојата ми е најголема експресија во делата и затоа ретко работам црно-бели илустрации, но се трудам да излегувам од комфорот зоната. Мислам дека експериментирањето е многу важно за пронаоѓање на на својот личен печат, затоаа не сакам да се ограничувам кога станува збор за творењето“, додава тој.
Левковски е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram