Никола Ангелкоски неодамна го режираше македонскиот краткометражен филм „Конструкт 42″. Тој во моментов работи за филмското студио „Platige Image”, иако во филмската индустрија е вклучен веќе шест години.
Негова главна инспирација се книгите на авторот Исак Асимов, но и режисерите Ридли Скот, Кристофер Нолан и Стенли Кјубрик.
Ангелкоски е уште еден артист кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете избор од негови дигитални 2д/3д цртежи: