Нина Максимова од Кочани работи како актерка во Кумановскиот театар. Таа постојано бара нови начини на изразување и експериментира со изразот и стилот, па така навлегува во илустраторскиот свет.
„Илустрациите се на некој начин мои интимни разговори со себеси во некои внатрешни паралелни светови во кои сакам да бидам кога имам потреба да се изазам невербално. Сакам да експериментирам со стилот и техниките, но најмногу се задржувам на пастелот и фломастерите. Сакам јаки и впечатливи бои, силни линии и контрасти. Инспирација имам зависно од внатрешниот немир кој го скротувам со цртање, т.е. инспирацијата ми доаѓа паралелно со животнте турбуленции и потребата да се кажат некои работи без да се изговори еден збор. Покрај тоа, пишувам кратки раскази и поезија, изработувам минијатури, сакам да се занимавам и со дизајн на ентериер, со еден колега формиравме наш мал театар на сенки за деца во наша целосна изработка, така да, не застанувам на едно, и сум во постојано движење и себеистражување“, вели Максимова за Радио МОФ.
Таа е уште една илустраторка кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрација. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
*Доколку и ти си илустраторк/ка и сакаш да споделиш дел од твојот труд со нашата публика, пиши ни на нашиот Инстаграм профил, или на info@radiomof.mk