Руки Чуки е дипломирана графичарка на Факултетот за ликовна уметност во Скопје, а во моментов работи како илустраторка и дизајнерка во Лондон. Покрај секојдневните работни обврски, таа се труди да најде време и за себе да црта.
„Ковид фазата во Лондон е многу инспиративна, така што моменталните мои илустрации се нашиот / мојот начин со справување на овој период затворени дома. Приметувам дека стилот полека ми се менува и сум прилично среќна со тоа, затоа што сметам дека сите промени се здрави, особено за нас креативците секое освежување е добредојдено“, вели таа за Радио МОФ.
Чуки обожава да експериментира со бои и со човечкото тело како форма.
„Во моментов работам дигитални илустрации, не го исклучувам шкрткањето на хартија, а и не би било лошо да се цртне и некој ѕид годинава после тоолку време пауза“, вели таа.
Чуки е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram