Сара Стаменковиќ од Скопје пред две години навлезе во светот на дигиталното цртање и самостојно почнува да го црта тоа што претходно можеше само на хартија. Дел од своето искуство го стекнала изработувајќи постери, дуксери и стикери за Кариерниот центар во средното училиште „Раде Јовчевски Корчагин“.
Во илустрациите често вметнува мистични и фантастични елементи, создавајќи приказни преку нејзините ликови.
„Дигиталното цртање моментално ми е само хоби, а понатаму сакам професионално да се занимавам со цртањето. Мојот стил сè уште се развива и менува, но сепак се обидувам мојот фокус да биде задржан на усовршувањето на моето цртање. Инспирација црпам од метаморфозата на животот, боите на светот околу мене, карактерот на луѓето, нивните екпресии и пејсажите на Скопје“, вели 18-годишната илустраторка.
Врз нејзиниот стил влијаеле мангите кои ги чита и гледа во филмовите богати со сценографија и бои.
„Артистите кои ме поттикнуваат да експериментирам и да имам слобода во цртањето, се Илија Кувшинов (@ilyakuvshinov) и Лоиш (@loish), и многу други. Кога го отворив мојот инстаграм профил, одлучив да ставам уметничко име со кое се поистоветувам. Aaren е скандинавско име што значи инспириран или висок – две нешта кои се приврзуваат со мене“, додава таа.
Стаменковиќ e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
https://www.instagram.com/p/B94KeRTJoLm/
https://www.instagram.com/p/B3sJumkpPm8/