#ИнстаИлустрации – Симона Манчева

Симона Манчева е визуелна уметница од Кавадарци, која има магистрирано на Факултетот за ликовни уметности во Скопје.

Таа учествувала на повеќе групни изложби и фестивали меѓу кои: „The view from hire” во Портланд Орегон, „What is fear”(TQAF), Taking patriarchy apART – Феминистичка групна изложба во Берлин (2019),  „Со окото на маргините“ – Квир  изложба на фотографии, Скопски саем викенд (2017), но и Трансформации; „НАШАТА ФУКУШИМА“, меѓународна групна изложба, која беше дел од Интернационалниот уметнички проект Гогојоши“ во „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци, Македонија.

Во 2016, учествувала на ПОП АП АКТО – Фестивал за современа уметност со „Колективна уметност и дело на одлучување” – Штип, и во 2018 година на „Дали ќе биде предоцна ако времето запре?” -XII Биенале на млади уметник, НУ Музеј за современа уметност – Скопје, а годинава беше номинирана за наградата „ДЕНЕС“ за најдобар млад уметник.

Но, таа има реализирано и повеќе самостојни изложби меѓу кои: „Сопство“ во Младински културен центар во Скопје во 2019, која подоцна ја изложи и во Дом на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадрци. Потоа со „Рециклиран отпад“ во Марко Цепенков Прилеп, „Секс Шоп“ во Отвореното графичко студио при Музеј на град Скопје, како и многу други.

Таа е и добитник на наградата „Драгиша Наневски“ од АКТО фестивал за заедничкиот проект „Во умот“, заедно со Сузана Милевска, Слободанка Стевчевска, Ивана Спироска, Филип Ризов, Симона Манчева и Катерина Соколова.

Нејзините уметнички интереси се засноваат на согледување на фиктивната реалност и уште повеќе на активниот морал во општествата, вели оваа уметница.

„Преку своето уметничко истражување се обидувам да ги прикажам и разнишам нашите ограничени предрасуди и стереотипи кои ги зајакнуваат границите на нашата слобода, а истовремено и да развијам свесност кај луѓето за остварување на нивните права и задоволување на нивните потреби. Пол, родова дискриминација, наследени стереотипи, сексуален идентитет, социјално маргинализирани групи, разновидност и варијации на луѓето и нивните тела се целите на мојата практика каде разбирањето на сите противречности и стереотипи како уметник и улогата на уметноста да интервенира и преиспита овие социјални конструкции“, вели Манчева за Радио МОФ.

Манчева е уште една уметница кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините дела:

 

View this post on Instagram

 

My inspiration for years

A post shared by Simona Mancheva (@hromozomi) on

 

View this post on Instagram

 

#butterfly

A post shared by Simona Mancheva (@hromozomi) on

 

View this post on Instagram

 

#induction #sexwork #humanrights #sexworkers #artbook #mandala #bookforsexwork #sex #right #book #pleasure Thanks @hops_mk

A post shared by Simona Mancheva (@hromozomi) on

 

View this post on Instagram

 

#ilustration #book #sexbook #joanna #walsh #growapair #fairytaleaboutsex #drawing

A post shared by Simona Mancheva (@hromozomi) on

 

View this post on Instagram

 

#digitalart #passion #sex

A post shared by Simona Mancheva (@hromozomi) on