Софија Шахпаска е студентка на Факултетот за ликовни уметности, а надвор од факултетот е илустраторка и концепт артист.
„Уште од кога памтам за себе, цртам свои имагинативни ликови и давам бизарен и фантастичен осврт на секојдневните нешта околу нас. Цртам затоа што е единственото нешто што го правам со огромна желба и ми дава најголема слобода да ги искажам и претставам моите бурни мисли и креативната потсвест. Просто кажано, со цртањето, без разлика дали е со дигитален или традиционален медиум, светот го запознавам со уште неколку чудни чудовишта во секаква големина или несекојдневни луѓе кои содржат мал дел од мојата личност“, вели таа за Радио МОФ.
Шахпаска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
View this post on Instagram
“I’m not me without my coffee” #digitalart #autodesksketchbook #coffeeaddict #coffee #goodmorning