Стефан Петровски е дипломиран актер и студент на Академијата за графички дизајн „Брејнстер”. Претходно, десетина години негово хоби било цртањето графити, од каде ја открил желбата за цртање и општо за дизајн. Тој досега има изработено бројни постер дизајни за настани низ Скопје.
„Работам паралелно во театар како хонорарец. Заедничко нешто во овие две професии за мене е тоа што можам да бидам критичен за одредени работи во општеството, да испратам порака и со тоа се обидувам да променам нешто. Црпам инспирација од сè околу мене, социјални и политички настани, актуелни теми и проблеми. Живееме во динамично општество па инспирација има повеќе од доволно. Баш заради тоа одбрав уметност. Чувствувам често дека сакам премногу да зборувам, а преку креативно празнење постигнувам да кажам сè и подобро да бидам сфатен“, вели тој за Радио МОФ.
Петровски e уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации:
View this post on Instagram
Априлилили годинава.. . . . #1stapril #staysafe #stayhome #corona #design #designer
View this post on Instagram
Do we breathe? . . . . #corona #police #lockdown #design #mountains #village #cow #breathe