Тања Вукобрат е дипломиран графички дизајнер на факултетот за Арт и Дизајн на Европскиот Универзитет. Работи како ,,фриленс” илустраторка веќе 7 години, најчесто изработувајќи детски илустрации и корици на книги. Според неа, ваквата професија дава можност за истражување и надоградба во различни полиња и стилови.
,,Инспирација ми се видеоигри, филмови, аниме, музика, стрипови итн. Желба ми е да работам како илустратор за игри, а најмногу сакам да креирам концепти за карактери. Исто така, играм игри и затоа секогаш биле голем дел од инспирацијата.
Како голем дел од инсипирацијата би ги издвоила и анимираните цртани на студиото Ghibli”, вели таа за Радио МОФ.
Вукобрат досега има освоено неколку награди за своите дела, меѓу кои и прво место на Global Game Jam (2015) и за Најдобар млад илустратор на Балканската смотра на млади стрип автори во 2016 во Лесковац, Србија.
Вукобрат e уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации:
https://www.instagram.com/p/B-Z_QGcHjWE/?igshid=iqkpnokxrse7