Михајло Димитриевски – Тхе Мичо е еден од најпознатите домашни илустратори и стрип-цртачи, по потекло од Битола. Има работено на голем број друштвени игри, а Радио МОФ веќе го имаше во интервју за неговиот проект за друштвена игра базирана на серијалот Game of Thrones. Но, тој е познат и по неговата работа на анимираниот филм и илустрираните книги за „Светот на Биби“.
„Би сакал да спијам и да играм „Плејстејшн“, кусо ни се опиша тој.
Тхе Мичо е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: