Владимир Илиевски е ликовен уметник кој се занимава со класично сликарство, дигитална илустрација и фотографија. Дипломирал сликарство на Факултетот за ликовни уметности во Скопје во класата на Вело Ташовски, Свето Манев и Благоја Маневски.
Илиевски досега има остварено девет самостојни изложби, а учествувал и на повеќе групни изложби во земјава и странство. Автор е и на два мурали, еден во Скопје и другиот во Струмица. Член е на ДЛУМ од 2012 год.
„Луѓето кои нѐ инспирираат, се како воздухот. Воздухот, кој е постојано и насекаде околу нас. Секогаш е тука, лесно е достапен, никогаш не е недостижен, а сепак е ненаметлив. Нѐ обвива, но не нѐ задушува. Кога ни треба, само земаме здив. А земаме постојано. И секогаш ни е доволно, а никогаш не ни е премногу“, вели тој за Радио МОФ.
Како позначајни награди, од неколкуте кои ги има добиено, се наградата „Вангел Коџоман“ за најуспешна реализирана изложба на ДЛУМ за период 2011-2013 и наградата Владимир Георгиевски – Автопортрет во самоизолација – од Здружение Транзен – Струмица во 2020 год.
„Буквално сѐ може да ме инспирира. Формите кои ги гледаме, но и она што се наоѓа помеѓу нив, она што не се гледа. Убавината во ликовноста е неоценувањето, или уште подалеку, неосудувањето на нештата кои ги гледаме. Тие просто такви се, и ние уживаме во нив. Не мораме да им дадеме име, термини, дефиниции, симболи… Можеме да уживаме во тоновите, боите, и нивните меѓусебни релации… онака како што уживаме во белината на снегот, во сино небо, моќните а меки форми на облаците, златното обојување на зајдисонце…“, смета тој.
Илиевски е уште еден уметник кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете неколку негови дела:
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram