Живко Пакетов е илустратор од Струмица кој најмногу е познат по изработка на омоти за музички изданија.
„Ми стана пасија од првиот пат кога видов дизајн на хардкопи ЦД. Иако викаат да не се суди книгата по корицата, јас го правев тоа со омотите и музиката“, вели тој за Радио МОФ.
Неговите дигитални илустрации воглавно се инспирирани од графити културата, која за него претставува прва љубов.
Пакетов е уште еден илустратор кој се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од неговите илустрации: