Во МКЦ клуб ресторанот на 14 март од 18 часот ќе се одржува вториот InTech MeetUp. Овој пат, тројца говорници ќе зборуваат за Artificial intelligence и Machine learning, теми кои, велат организаторите, по спроведената анкета убедливо се издвоиле од останатите.
На овој дво-часовен бесплатен настан, присутните ќе имаат прилика да чујат зa „Application of machine learning in geographic information system“, „Find the hidden pattern in the world – Optimize strategy and predict the future“ и „Using AI in small startups is possible“.
Сите заинтересирани можат да се регистрираат ТУКА (местата се ограничени).
„Од странската сцена, овојпат имаме двајца говорници. Џишан Ван, CEO of ShadowGrid Openbiz Technology, кој има повеќе од 15 години искуство во ИТ водите. Вештачка интелегенција, виртуелна реалност се само дел од науките со кои се занимава во денешно време. На вториот InTech MeetUp, тој ќе ни зборува на тема ‘Find the hidden pattern in the world – Optimize strategy and predict the future’. Вториот говорник, е Ваибхав Кулкарни, кој е кандидат за докторски студии и асистент за истражување во лабораторијата за ‘Distributed Object Programming’ на Универзитетот Лозана, Швајцарција. Тој ќе ни се претстави со темата: ‘Application of machine learning in geographic information system’. Додека овојпат, од македонската екипа ќе го чуеме: Мартин Анчевски, ко-основач и CTO на Letz, CodeWell и MarcO, кој ќе се претстави со темата ‘Using AI in small startups is possible’“, велат организаторите на настанот.
Инаку, зад организацијата на овој настан стои InPlayer и Braisnter, a неговата цел е да ги вмрежи програмерите и да ги претстави новостите во светот на технологијата, преку гостувања на говорници од странство кои може да се најдат на А-листата и предавања на искусни програмери од ИТ секторот во Македонија.
„InTech MeetUp е отворен за соработка за следните meetup-и, за предавачи, организации и фирми кои сакаат да го поддржат настанот“, потенцираат организаторите.