Вечерва со почеток во 20 часот на сцената на Дом на АРМ во Скопје ќе се одржи претставата „Интер-Вју“ на Жиган Крајнчан, во изведба на танчерите и ко-автори Олга Житлухина, Валери Олехно, Глори Шпис, Иан Хотко и Иван Мијачевиќ, информираат од Танц Фест Скопје.
„Претставници на пет генерации танчери (со помош на режисерот) спроведуваат перформативно интервју. Секој од нив го доживува своето дел од ‘времето’, но сите живеат во сегашноста овде, сега, во моментот. Тие сликаат и создаваат подвижно (меѓу) патување на искуства, сеќавања, соништа и стравови. Изгледа како фрагментите од нивните животи да го згуснуваат просторот и времето што се расплетуваат наназад… И додека тие го расплетуваат своето минато, се случува пресврт: ИНТЕР-ВЈУ* развива нова личност, со повеќекратни идентитети, и кога таа конечно ќе го забележи гледачот, го гледа длабоко во очите, срцето, коските и го прашува: ‘Кој си ти пријателе?’“, пишува во најавата за настанот.
Претставата е во склоп на фестивалот кој започна на 9 април, а ќе трае до 20 април.
Танцувајќи на работ! – Осумнаесетто издание на Танц Фест Скопје 2022