Интерактивна мапа: олимпијадата на Фејсбук, прва недела

Олимписките игри се дефинитивно еден од светските настани кои предизвикуваат најмногу внимание. Фејсбук изработи интерактивна мапа на која се гледа како неговите 1.2 милијарди корисници ја проследиле првата недела од олимпијадата во Сочи. Повеќе од 24 милиони луѓе го дискутирале големиот спортски настан на Фејсбук, притоа генерирајќи околу 48 милиони објави, коментари и лајкови.

Петтемина најпопуларни спортисти се, по ред: американскиот сноубордер Shaun White, неговиот колега Jenny Jones од Велика Британија,  Michael Christian Martinez од Филипините, канадскиот скијач Alex Bilodeau и сноубордерот од САД, Jamie Anderson.

Еве ја мапата на Фејсбук, на која сообраќајот на Фејсбук поврзан со олимпијадата е претставен според спортовите. Кликнете на сликата за поголема верзија.


Извор