Интерактивната работилница „Размислувај креативно, управувај корпоративно“, ќе се фокусира на применување на процеси на корпоративно иновирање во кој компанијата воведува нови, иновативни можности за развој.
Предавањето е во организација на „ЦЕЕД Хаб Скопје“, а целта е овозможување разни видови услуги за жените претприемачи и менаџери со цел брзо и ефикасно надминување на последиците предизвикани од Ковид-19. Во рамки на Проектот, оформен е и Клуб за жени претприемачи и менаџери.
Предавањето ќе се одржи на 13 април со почеток во 13 часот на „Зум“, и ќе биде менторирано од Елена Хаџи Пецова.
„Сакате да го унапредите работењето на вашата компанија, ама не сте сигурни како да почнете? Зошто е потребно да се воведуваат иновации во „традиционалните“ компании?Одговорот на овие прашања лежи во примената на Design Thinking методологијата“, велат организаторите.
Сите заинтересирани треба да ја пополнат апликацијата за учество.