Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Северна Македонија заедно со Босна и Херцеговина се единствените две земји од регионот во кои досега не се одржала Парада на гордоста. Тоа треба да се промени на 29-ти јуни за кога е најавен првиот ваков настан на скопските улици.
За тоа какви пораки ќе се испратат на Парадата, но и за негативните реакции и говорот на омраза кои во јавноста ги предизвика најавата за нејзиното организирање, разговаравме со Антонио Михајлов, извршен директор на Здружението за критички пристап кон родот и сексуалноста – Субверзивен фронт, вклучени во организација на настанот.
Зошто дури во 2019 година се одржува првата Парада на гордоста во земјава?
За протест или марш, каде се бара заштита на човекови права на одредена група луѓе, секогаш е точно време. Годинава се одлучивме на овој чекор бидејќи по промената на власта се создаде поповолен политички контекст, каде извршната и законодавната власт ни изразуваат јавна и недвосмислена поддршка, не само декларативно, туку и преку конкретни акции, како што е конечното усвојување на Законот за спречување и заштита од дискриминација и промените во Кривичниот законик, кој сега препознава и кривични дела од омраза врз сексуалниот и родов идентитет.
Беше нужно да се создаде поголема маса на поддржувачи, посебно кај носителите на одлуки. Годинава прв пат имавме јавно обраќање од страна на премиерот и претседателот по повод 17 мај, Меѓународниот ден за борба против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата, што е чекор напред. Многу важна е и поддршката на граѓаните, вклучително граѓанските организации, но и од страна на членовите на нашите семејства, пријатели, колеги и колешки, роднини… затоа што нас не има во секоја сфера и во сите заедници.
Која е целта на овој настан и што очекувате да постигнете со Парадата на гордоста?
Одлуката за организирање на овој јавен настан е поради потребата од зголемена видливост на проблемите и потребите на ЛГБТИ луѓето во Северна Македонија, како и артикулација на политичките интереси и цели на оваа заедница. Беше нужно да се создаде поголем политички контекст, кој ќе содржи поддршка и афирмација на нашите права од извршната и локалната власт, како и мобилизација и организација во самата заедница.
Низ годините наназад се докажа дека колку е поорганизирана и помобилизирана заедницата, и тоа не важи само за ЛГБТИ заедницата, туку и поддржувачите кои се клучни во нашата борба, толку е поверојатно да се влијае врз донесувањето на различни закони и политики во остварувањето на нашите човекови права.
29 јуни неслучајно е избран како датум, бидејќи тогаш се навршуваат 50 години од бунтот во „Стоунвол“. Тоа е ноќен бар во Њујорк, каде е покренат бунт предводен од транс жени против полициската рација. Така што ова е симболичен начин да дадеме признание на сите тие жртви и заложби на голем број ЛГБТИ луѓе.
Најавата за Парадата на гордоста предизвика бран на негативни коментари и засилување на говорот на омраза на социјалните мрежи. Очекувавте ли ваква реакција и како гледате на ваквиот однос?
Тоа беше во рамките на нашите очекувања. Она што не го очекувавме и пријатно не изненади е што имаше голема поддршка од страна на луѓе кои лично не ги познаваме, а кои преку социјалните медиуми сами се вклучија во адресирање на погрешните аргументи и говорот на омраза и нивниот напор таквиот говор на омраза првично да се преиспита и анализира, да се спречи и да се укаже на штетноста и да се минимизира штетниот ефект, бидејќи говорот на омраза, ако не е санкциониран, најчесто се трансформира во кривични дела од омраза или насилство.
Заедно со Министерството за внатрешни работи и обвинителството работиме на мониторниг на онлајн говорот на омраза и ги пријавуваме со кривични пријави оние содржини каде ги има сите елементи на говор на омраза и се надеваме дека институциите соодветно ќе одговорат. Иако нашето искуство е дека тие во многу мал дел се запознаени со проблематиката и стапката на одговори на нашите пријави е мала и тие најчесто се негативни. Тука претстои уште голема работа за информирање и едуцирање на проблематиката на говорот на омраза и како тој влијае кон сите ранливи групи во општеството.
Следејќи ја оваа комуникација на социјалните медиуми, која е вашата оценка, на што се должи таквиот анимозитет меѓу граѓаните кон настан како што е Парадата на гордоста?
Причините се многу. Првично е тоа што нашето општество е доминантно со хетеронормативни патријархални норми и вредности. Тоа подразбира дека само хетеросексуалните односи и однесување се прифатливи и секоја различност е неприфатлива. Ова посебно се однесува на омразата кон геј мажите, што е резултат на патријархалноста. На пример кон лезбејките кои се бакнуваат на улица се гледа поинаку отколку кон геј мажи кои го прават тоа. Исто така проблемот е и во образованието и воспитувањето. Ние уште немаме содржини во нашето образование кое ги поттикнува децата и учениците да размислуваат пошироко од нормите и вредностите во општеството кои продуцираат насилство.
Поврзаност има и со стравот од непознавање на самата заедница и на потребите и проблемите на ЛГБТИ луѓето, како и повторување на реториките кои се продуцираа преку политичарите и медиумите. Токму затоа е многу важно тие да даваат јасна и недвосмислена поддршка на нашите напори со што ќе се минимизира штетниот ефект на говорот на омраза и ќе се намалат причините кои водат кон загрозување на животот на ЛГБТИ луѓето и сите други учесници на прадата.
Тоа е проблем на самата наша култура кој треба да се адресира од повеќе аспекти. Првично преку образованието и воспитувањето, а потоа и преку поврзување на ЛГБТИ заедницата и општеството за тие да се чувствуваат послободно да кажат кои се и што се. Но, и отворање на родителите, пријателите и колегите на ЛГБТИ луѓето, кои поминуваат низ процес на прифаќање дека нивен близок е различен од она што е норма. Убеден сум дека со Парадата на гордоста влијанието на позитивните ефекти ќе биде многу поголем од оние кои не се толку позитивни.
Според последниот извештај на ИЛГА Европа, Северна Македонија е меѓу најлошите држави во Европа според правата кои ги имаат ЛГБТИ луѓето. Колку е сериозен проблемот и кои се најприоритетните работи кои треба да се направат за да се подобри статусот на ЛГБТИ лицата во земјава?
Оваа година малку сме напреднати. Лани бевме во последните пет или десет земји во Европа кои се рангираат според овој индекс. Од оваа година сме на 34-то место од 49 земји, благодарение на тукушто усвоениот Закон против дискриминација, кој ги препознава сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи на дискриминација.
Со новата ситуација ние сме малку понапред од Романија и Бугарија, а Грција која е најблиску до нас е највисоко рангирана и од нив може да црпиме искуства и знаења. Дури и Косово и Босна и Херцеговина се подобро рангирани од Северна Македонија.
Во практика ова не мора секогаш да биде така, на пример заедницата во Косово е многу пониска од нашата овде во Скопје и бројот на јавни настани и активности се многу поголеми кај нас, отколку во Косово. Некогаш одлуките на носителите на одлуки не важат многу, доколку самата заедница не може да ги препознае прекршувањето на нивните човекови права и не можат или не знаат како да ги пријавуваат и да постапуваат во однос на нив. Ние дури и да ги имаме најдобрите закони, ако немаме заедница и поддржувачи во организациите и државните институции, тогаш тој закон и таа политика нема вредност.
Токму затоа е важно да се вложува во развој на културата на ненасилство и немразење и во интервенции кај ЛГБТИ луѓето кај некои аспекти на менталното здравје. Бидејќи голем дел од оваа заедница е изложена на чувство на страв и срам кои влијаат врз практикување на лоши стратегии на однесување – од депресии и анксиозност, користење супстанци, ризично сексуално однесување, до самоубиства. Затоа е клучна интервенција во елиминирање на овие психо-социјални исходи за самите членови на заедницата да сфатат дека тоа што тие го доживуваат како нормално, не е нормално. Опресијата и дискриминацијата не смееме да ја нормализираме, напротив.
Што би им порачале на луѓето кои кон Парадата на гордоста гледаат со скепса или со негативни чувства?
Парадата на гордоста е отворена и инклузивна и им посакува добредојде на сите. Без разлика на нивната етничка, верска припадност или сексуален или родов идентитет. Во соработка со МВР ќе се погрижиме ова да биде прва и најбезбедна Парада на годроста и за самите припадници на ЛГБТИ заедницата ќе биде сигурен простор каде што ќе можат да бидат тие што се и каде што ќе можат да ги сакаат и љубат тие кои што ги љубат.
Сепак ние сме малцинство и поддршката од мнозинството е клучна во надминувањето на тие стереотипи и предрасуди кои доминираат и сме благодарни на сета поддршка која ја имаме, посебно од политичарите и се надеваме на уште поголема поддршка. Тоа ќе биде клучно за пораката која сакаме да ја испратиме до целата домашна и меѓународната јавност. Мислам дека ќе имаме успешна Парада со која ќе се гордееме и ги поканувам сите, без разлика кои се и што се, да дојдат и да не поддржат.
Даниел Евросимоски
*Дел од интервјуто првично е објавено во новата епизода на подкастот Мегафон
-
(Intervistë) Antonio Mihajllov: Parada e krenarisë do të jetë paradë me të cilën do të krenohemi
Maqedonia e Veriut së bashku me Bosnjën dhe Hercegovinën janë dy vendet e vetme të rajonit, në të cilat deri më tani nuk është mbajtur Parada e krenarisë. Kjo duhet të ndryshohet më 29 qershor, për kur është paralajmëruar ngjarja e këtillë e parë, në rrugët e Shkupit.
Për atë se çfarë mesazhe do të dërgohen gjatë Paradës, por edhe për reagimet negative dhe fjalën e urrejtjes, të cilat në publik i shkaktoi njoftimi për organizimin e saj, biseduam me Antonio Mihajllov, drejtor ekzekutiv i Shoqatës për Qasje Kritike ndaj Gjinisë dhe Seksualitetit – Fronti subverziv, i përfshirë në organizimin e ngjarjes.
Pse po mbahet Parada e parë e krenarisë, madje në vitin 2019, në vendin tonë?
Për protestë ose marsh, ku kërkohet mbrojtja e të drejtave të njeriut të një grupe të caktuar njerëzish, çdo herë është kohë e duhur. Këtë vit vendosëm të bëjmë këtë hap, sepse pas ndryshimit të pushtetit u krijua kontekst i volitshëm politik, ku pushteti ekzekitiv dhe ligjvënës na shprehën mbështetje publike dhe pa mëdyshje, jo vetëm deklarativisht por edhe nëpërmjet aksioneve konkrete, siç është miratimi përfundimtar i Ligjit për parandalim dhe mbrojtje nga diskriminimi dhe ndryshimet e Kodit penal i cili tani njeh edhe vepra penale të kryera nga urrejtja mbi identitetin seksual dhe gjinor.
Ishte e nevojshme të krijohej masë më e madhe e mbështetësve, në veçanti te vendimmarrësit. Këtë vit për herë të parë kishim fjalim publik nga kryeministri i shtetit dhe presidentit me rastin e 17 majit, Ditës ndërkombëtare për luftë kundër homofobisë, transfobisë dhe bifobisë, që është hap përpara. Është shumë e rëndësishme edhe mbështetja e qytetarëve, përfshirë edhe organizatat qytetare, por edhe nga anëtarët e familjeve tona, miqve, kolegëve dhe kolegeve, të afërmve… sepse ne jemi pjesë e çdo sfere dhe jemi prezent në të gjitha komunitetet.
Cili është qëllimi i kësaj ngjarje dhe çfarë prisni të arrini me Paradën e krenarisë?
Vendimi për organizimin e kësaj ngjarje publike, është për shkak se ka nevojë për dukshmëri më të madhe të problemeve dhe nevojave të LGBTI njerëzve në Maqedoninë e Veriut, si dhe artikulimin e interesave politike dhe qëllimeve të këtij komuniteti. Ishte e nevojshme të krijohet kontekst më i madh politik, i cili do të përmbajë mbështetjen dhe afirmimin e të drejtave tona nga pushteti ekzekutiv dhe lokal si dhe mobilizimin dhe organizimin në vetë komunitetin.
Vitet e kaluara u vërtetua se sa më i organizuar dhe sa me mobilizuar është komuniteti, dhe kjo nuk vlen vetëm për LGBTI komunitetin, por edhe për mbështetësit të cilët janë të përshirë në luftën tonë, aq më e besueshme është të ndikohet mbi miratimin e ligjeve të ndryshme dhe politikave në realizimin e të drejtave tona njerëzore.
29 qershori është zgjedhur si datë, sepse atëherë bëhen 50 vjet nga rebelimi në “Stounvol”. Ky është një bar nate në Njujork, ku janë ngritur trazira të udhëhequra nga trans gra kundër bastisjes policore. Kështu që kjo është mënyrë simbolike të japim mirënjohje për të gjitha viktimat dhe angazhimet e numri të madh të LGBTI personave.
Paralajmërimi i Paradës së krenarisë shkaktoi një valë komente negative dhe përforcimin e fjalës së urrejtjes në rrjetet sociale. A pritët reagim të këtillë dhe si e shihni raportin e këtillë?
Kjo ishte në kuadër të pritjeve tona. Atë që nuk e pritëm dhe na habiti në mënyrë të këndshme është që kishte mbështetje të fuqishme nga njerëz të cilët nuk i njohim personalisht, ndërsa të cilët nëpërmjet mediave sociale vetë u përfshinë në adresimin e argumenteve të gabuara dhe fjalës së urrejtjes dhe përpjekja e tyre këtë fjalë të urrejtjes në mënyrë të duhur ta rishqyrtojnë dhe analizojnë, të parandalohet dhe të sugjerohet dëmi dhe të minimizohet efekti i dëmshëm, sepse fjala e urrejtjes, nëse nuk sanksionohet, zakonisht transformohet në vepër penale nga urrejtja ose dhuna.
Së bashku me Ministrinë e Punëve të Brendshme dhe prokurorinë punojmë në monitorimin e onlajn fjalës së urrejtjes dhe i denoncojmë me kallëzime penale këto përmbajtje ku janë të gjitha elementët e fjalës së urrejtjes dhe shpresojmë se institucionet në mënyrë përkatëse do të përgjigjen. Edhe pse përvoja jonë është se ato në pjesë shumë të vogël janë të njoftuar me problematikën dhe shkalla e përgjigjeve ndaj kallëzimeve tona është e vogël dhe se ato zakonisht janë negative. Këtu ekziston edhe një punë më e madhe për informimin dhe edukimin e problematikës së fjalës së urrejtjes dhe se si ai ndikon ndaj të gjitha grupeve vunerabile në shoqëri.
Duke e ndjekur këtë komunikim në mediat sociale, cili është vlerësimi juaj, kujt i referohet animozoteti i këtillë ndërmjet qytetarëve ndaj një ngjarje siç është Parada e krenarisë?
Shkaqe ka shumë. Fillimisht është ajo që shoqëria jonë është dominuese me norma dhe vlera heteronormative dhe patriarkale. Kjo nënkupton se vetëm raportet dhe sjelljet heteroseksuale janë të pranueshme dhe çdo sjellje tjetër e ndryshme është e pa pranueshme. Kjo në veçanti vlen për urrejtjen ndaj gej meshkujve, që është rezultat i patrarhalitetit. Për shembull ndaj lezbikeve të cilat puthen në rrugë shihet më ndryshe sesa ndaj gej meshkujve të cilët e bëjnë këtë veprim. Gjithashtu, problemi qëndron edhe në arsimin dhe edukimin. Ne ende nuk kemi përmbajtje në arsimin tonë të cilat do të inkurajojnë fëmijët dhe nxënësit të mendojnë më gjerë nga normat dhe vlerat në shoqëri të cilat prodhojnë dhunë.
Lidhje ka edhe me frikën nga e panjohura në vetë komunitetin dhe ndaj nevojave dhe problemeve të LGBTI personave, si dhe përsëritja e retorikave të cilat prodhoheshin nëpërmjet politikanëve dhe mediave. Pikërisht prandaj është shumë e rëndësishme ata të japin mbështetje të qartë dhe pa mëdyshje ndaj përpjekjeve tona me çka do të minimizohet efekti i dëmshëm i fjalës së urrejtjes dhe do të zvogëlohen shkaqet të cilat çojnë drejt rrezikimit të jetës së LGBTI njerëzve dhe të gjithë pjesëmarrësve në paradë.
Ky është problem i vetë kulturës sonë e cila duhet të adresohet nga më shumë aspekte. Fillimisht nëpërmjet arsimit dhe edukimit, dhe më pas edhe nëpërmjet lidhjes së LGBTI komunitetit dhe shoqërisë që ata të ndihen më të lirë të tregojnë kush janë dhe çfarë janë. Por edhe hapja e prindërve, miqve dhe kolegëve të LGBTI komunitetit, të cilët kalojnë nëpër proces të pranimit se i afërmi i tyre është i ndryshëm nga ajo që paraqet normë. Jam bindur se me Paradën e krenarisë, ndikimi i efekteve pozitive do të jetë shumë më i madh nga ato të cilat nuk janë aq pozitive.
Sipas raportit të fundit të IGLA Evropa, Maqedonia e Veriut është ndër shtetet më të këqija në Evropë sipas të drejtave të cilat i kanë LGBTI personat. Sa serioz është problemi dhe cilat janë punët më me prioritet të cilat duhet të bëhet që të përmirësohet statusi i LGBTI personave në vendin tonë?
Këtë vit kemi përparuar pak. Vjet ishim në pesë ose dhjetë vendet e fundit në Evropë të cilat rangohen sipas këtij indeksi. Nga ky vit jemi në vendin e 34-t nga 49 vende, falë miratimit të Ligjit kundër diskriminimit, i cili i njeh orientimin seksual dhe identitetin gjinor, si bazë për diskriminim.
Me situatën e re, ne jemi pak më përpara Rumanisë dhe Bullgarisë, ndërsa Greqia e cila është më afër ne është më lart e ranguar dhe nga ajo mund të marrim përvoja dhe dije. Madje edhe Kosova dhe Bosnja dhe Hercegovina janë më mirë të ranguara se Maqedonia e Veriut.
Në praktikë kjo nuk duhet çdo herë të jetë kështu, për shembull komuniteti në Kosovë është shumë më i ulët nga i joni këtu në Shkup dhe numri i ngjarjeve publike dhe aktiviteteve janë më të mëdha këtu tek ne, sesa në Kosovë. Ndonjëherë vendimet e vendimmarrësve nuk vlejnë shumë, nëse vetë komuniteti nuk mund të identifikojë shkeljet e të drejtave të njeriut dhe nuk munden ose nuk dinë t’i denoncojnë dhe të veprojnë në lidhje me to. Ne edhe sikur të kemi ligjet më të mira, nëse nuk kemi komunitet dhe mbështetës në organizatat dhe institucionet shtetërore, atëherë ai ligj dhe ajo politikë nuk kanë vlerë.
Pikërisht prandaj është e rëndësishme të investohet në zhvillimin e kulturës për jo dhunë dhe jo urrejtje dhe te intervenime te LGBTI njerëzit te disa aspekte të shëndetit mental. Sepse numër i madh i këtij komuniteti është ekspozuar ndaj ndjenjës së frikës dhe turpit të cilat ndikojnë mbi praktikimin e strategjive të këqija të sjelljes – nga depresione dhe ankthe, përdorim i substancave, sjellje të rrezikshme seksuale, deri tek vetëvrasjet. Prandaj me rëndësi është intervenimi në eliminimin e këtyre epilogjeve psiko – sociale që vetë anëtarët e komunitetit të kuptojnë se ajo që ata e përjetojnë si normale nuk është normale. Opresionin dhe diskriminimin nuk guxojmë t’i normalizojmë, përkundrazi.
Çfarë do t’i kishit porositur njerëzit të cilët Paradën e krenarisë e shohin me skepsë ose me ndjenja negative?
Parada e krenarisë është e hapur dhe inkluzive dhe ju uron mirëseardhje të gjithëve. Pa dallim të përkatësisë së tyre etnike, fetare ose seksuale ose identitetit gjinor. Në bashkëpunim me MPB-në do të kujdesemi kjo të jetë Parada e krenarisë e para dhe më e sigurta, dhe për vetë pjesëtaret e LGBTI komunitetit do të jetë vend i sigurt ku do të mund të jenë ajo që kanë dhe ku do të mund t’i duan dhe dashurojnë ata që i duan.
Megjithatë ne jemi pakicë dhe mbështetja e shumicës është kryesore në tejkalimin e të gjitha stereotipeve dhe paragjykimeve të cilat dominojnë dhe jemi falënderues për gjithë mbështetjen që e kemi, në veçanti nga politikanët dhe shpresojmë në mbështetje edhe më të madhe. Kjo do të jetë kryesore për mesazhin që duam ta dërgojmë tek i gjithë publiku vendas dhe ndërkombëtar. Mendoj se do të kemi Paradë të suksesshme me të cilën do të krenohemi dhe i ftojmë të gjithë, pa dallim cilët janë dhe çfarë janë, të vinë dhe të na mbështesin.
Daniell Evrosimoski
*Një pjesë e intervistës fillimisht e publikuar në episodin e ri të nënkastit Megafon