Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
„Diversus“ означува воспевање на женската поетика, еден уметнички експеримент за она што навистина претставува – да се биде жена. Вака младите уметници Ана В’чкова и Вања Кашавелска го опишуваат значењето на името и концептот на нивната прва заедничка изложба на слики која ќе се отвори утре (16 декември) во Младинскиот културен центар.
И двете, како што споделуваат за Радио МОФ имаат дипломирано на Факултетот за ликовни уметности, отсек сликарство. Иако, нивниот процес на работа и финалните дела сосем се разликуваат и комуницираат засебно, како што вели Ана, целиот концепт функционира заеднички.
Идејата на „Diversus“ е всушност, како што посочува Ана, продолжение на „Кога женско се раѓа и стреите плачат“ – нејзин прв самостоен проект објавен дигитално, каде самата таа е во фокусот на делата.
„Отсекогаш повеќе сакав да претставам други луѓе преку мои очи. Себе си како лик, како субјект, не се поставував толку активно. И сега, кога некако најверојатно и со годините или со напредокот кога учиш повеќе – станав многу послободна да го правам тоа и почнав себе си да се ставам како субјект во дела. Ова беше лично јас и искрено кога го направив, го направив за себе, меѓутоа добив многу убави, многу позитивни коментари особено од девојки и жени коишто ми кажуваа дека многу им значи тоа, и мене тоа многу ме погоди зашто голем број од тие девојки не ги ни знаев и за тоа кога размислував за изложбата, што би сакала да направам и како би сакала да направам“, раскажува младата уметница.
Таа покрај со сликарство веќе неколку години активно се занимава со фотографија па и во „Кога женско се раѓа и стреите плачат“ и во нејзините дела од „Diversus“ делата се комбинација на сликарство и фотографија.
Во изложбата таа прикажува шест девојки, а како што вели сега идејата е да ги претстави во „посовремен“ контекст каде нејзиниот фото апарат за момент е дел од секојдневието на девојките, наспроти самостојниот проект каде таа е во носија и е инспирирана од боите на македонскиот фолклор.
„Кога одам на изложба или кога сум учела историја на уметност на факултет, конкретно за македонските уметници, сум увидела дека се’ уште владее некоја дискрепанца и стигма дека не се толку добри како машките автори на некој начин. Обично жените се занимавале со мртви природи, некои така по нормативно – феминистички теми. На пример не прикажуваат нешто што е вистински својствено женско, мислам јас не сум можела да се пронајдам во тоа. Било многу општо и површно, сексуализацијата на жената на пример, била претставена преку машки поглед на женски автор, не било преку женски поглед на некој начин. Не сметам дека со тие теми машки автор може да се занимава толку вистински како што најверојатно и жена не може да се занимава со некои одредени машки теми толку автентично како што може маж“, забележува таа.
Оттаму, како што вели ѝ се јавила потреба да пренесе некое чувство за женскоста кое недостасува во уметничкиот простор.
„Има многу повеќе во женското битствување од секс и менструација, сакам да претставам како ти си постоиш природно, во твојата природна форма со сите мани, па дури и со примитивни гестови и најпримордијални; да покажам дека е сепак тоа убаво и нормално и автентично. Ми беше многу драго што никоја од девојките не дојде спремна, нашминкана, беа многу слободни и беше преубаво. Мислам сите се преубави такви какви што се и немам потреба јас да додавам нешто или да изменувам. Тоа и ми беше идејата, да додадам само некој мој печат и да истакнам нешто што можеби сметам дека треба да се истакне“, раскажува младата сликарка.
Инсистира дека секогаш има нешто повеќе да се каже околу женскоста, а различните теми доколку се вметнуваат во уметноста или во културата може да допринесат да се измени наративот.
„Менструацијата е нешто нормално и природно и биолошки такво и сметам дека што повеќе дела се прават на тема ‘менструација, менструација, менструација’; самите ние си го претставуваме дека тоа е нешто што е не знам, има што многу повеќе да се збори од женското постоење од сама себе си, менструацијата“, истакнува уметницата.
Со девојките, како што вели имале целодневни сетови, кога се обидувала да ги фати во поза на најприродна состојба.
„Имаа задача да донесат облека во тоа што се чувствуваат пријатно и во тоа што не се чувствуваат пријатно, тоа што ги прави да се осеќаат неубаво од некоја причина. И најчесто тие причини биле сексуализација – не е дека они не изгледаат убаво во тоа – преубаво изгледаат, меѓутоа не се осеќаат сигурно и исто тоа многу ми допринесуваше кон самиот факт дека има многу повеќе што да се истражува за женското и за женската психологија. За тоа и најверојатно не се занимавам со реализам, морам да имам некаква конекција со нештото и обично темите што ги разработувам се теми во кои сум вклучена, морам да го почувствувам и јас тоа. Мораш да имаш некоја емпатија и вистински да го разбереш дека ако не го направиш тоа, ќе биде само убаво дело – естетски, убави бои и тоа е тоа“, поентира таа.
Кога го започнале проектот со Вања знаеле дека ќе истражуваат различни сегменти. Ана се фокусирала кон целиот концепт, додека Вања, како што вели повеќе кон занаетот на портретирање девојки.
За Вања ова е вторпат да изложува дела на ваков начин. Вели дека нејзиниот уметнички потпис лежи во намерното експериментирање со бојата и изразот, ставајќи длабок акцент на ликовите преку визурата на израз на лицето.
„Мојот креативен процес е повеќеслојно патување кое започнува со вистинска љубопитност за светот околу мене. Истражувањето, за мене, е клучна фаза каде што се потопувам во различни извори на инспирација. Тоа може да биде литература, филозофија, современи прашања, па дури и едноставно набљудување од секојдневниот живот. Фрлив широка мрежа, дозволувајќи им на различни елементи да се навлезат и да се спојат во мојот ум“, вели младата уметница.
Таа додава дека секоја идеја бара и свој уникатен визуелен јазик, и поради тоа се фокусира да истражува различни техники и материјали за да ја најде најзвучната форма на изразување.
„Во мојата работа, се стремам да ја надминам површината, навлегувајќи длабоко во емотивниот пејзаж на поединците и оживувајќи ги нивните внатрешни светови. Очите, особено, служат како порта кон ова внатрешно царство, дозволувајќи ми да пренесам Нијансиран наратив и евоцираат длабока врска помеѓу гледачот и субјектот“, вели Кашавелска.
За крај таа вели дека „Diversus“ е повеќе од само изложба на слики. Тоа претставува нејзино патување и визуелен дневник кој од утре ќе биде отворен пред гледачите
Отворањето ќе биде во 20 часот, а изложбата ќе може да се погледне до почетокот на јануари.
Ангела Бошкоска
-
[Intervistë] “Diversus”: Nevojiten më shumë vepra artistike të cilat flasin për feminitetin përtej seksit dhe menstruacioneve
“Diversus” nënkupton glorifikim të poetikës femërore, një eksperiment artistik për atë që përfaqëson me të vërtetë – të jesh grua. Kështu e përshkruajnë artistet e reja Ana V’çkova dhe Vanja Kashallevska domethënien e emrit dhe konceptit të ekspozitës së tyre të parë të përbashkët të pikturave e cila do të hapet nesër (16 dhjetor) në Qendrën Kulturore për të Rinj.
Që të dyjat, siç tregojnë për Radion MOF, kanë diplomuar në Fakultetin e Arteve Figurative, në degën e pikturës. Edhe pse, procesi i tyre i punës dhe veprat finale dallojnë tërësisht dhe komunikojnë veçmas , siç thotë Ana, i gjithë koncepti funksionon bashkërisht.
Ideja e “Diversus” është në të vërtetë, siç thekson Ana, vazhdim i “Kur lind një grua dhe qepallat qajnë” – projekti i saj i parë i pavarur i publikuar në mënyrë digjitale, ku vetë ajo është në fokusin e veprave.
“Çdoherë kam dashur të paraqesë njerëz të tjerë përmes syve të mi. Nuk e kam vendosur në mënyrë aq aktive veten si personazh, si subjekt. Dhe tani, kur në njëfarë mënyrë me gjasë me vitet apo me përparimin kur mëson më shumë – u bëra shumë më e lirë ta bëjë atë dhe fillova ta vendosë veten si subjekt në vepra. Kjo isha unë personalisht dhe kur bëra këtë e bëra sinqerisht për vete, megjithatë kam marrë shumë komente të mira, pozitive posaçërisht nga femra dhe gra që të tregonin se ajo ka pasur shumë rëndësi për to dhe ajo më preku shumë mua sepse një numër i madh i atyre vajzave as nuk i kam njohur kur mendoja për ekspozitën, çfarë do të doja të bëjë dhe si do të doja ta bëjë”, tregon artistja e re.
Krahas pikturës, ajo tash më disa vite merret në mënyrë aktive me fotografi, ndaj edhe në “Kur lind një grua dhe qepallat qajnë” edhe në veprat e saja nga “Diversus”, veprat janë kombinim i pikturës dhe fotografisë.
Në ekspozitë ajo paraqet gjashtë vajza, ndërsa siç thotë tani ideja është t’i paraqesë në kontekst më “bashkëkohorë” kur foto aparati i saj momentalisht është pjesë e përditshmërisë së vajzave, kundrejt projektit të pavarur ku ajo është në veshje popullore dhe është e inspiruar nga ngjyrat e folklorit maqedonas.
“Kur shkojë në ekspozitë apo kur kam mësuar historinë e artit në fakultet, konkretisht për artistët maqedonas, kam vërejtur se ende mbizotëron një diskrepancë dhe stigmë se ata nuk janë aq të mirë sa autorët maqedonas në njëfarë mënyrë. Zakonisht femrat janë marrë me natyra të vdekura, disa me tema ashtu më normative – feministe. Për shembull nuk tregojnë diçka që është vërtetë femërore, mendoj se unë nuk kam mundur ta gjejë vetën në atë. Ka qenë shumë e përgjithshme dhe sipërfaqësore, për shembull seksualizimi i femrës është paraqitur përmes vështrimit mashkullor të një autoreje femër, nuk ka qenë përmes vështrimit femëror në njëfarë mënyre. Nuk vlerësoj se një autor mashkull mund të trajtojë aq thelbësisht ato tema, sikurse edhe një grua me siguri nuk mund të merret me disa tema të caktuara mashkullore në mënyrë aq autentike siç mundet një mashkull”, nënvizon ajo.
Nga aty, siç thotë, i është paraqitur nevoja të përcjellë një ndjesi për feminitetin që mungon në hapësirën artistike.
“Në qenien e një gruaje ka shumë më shumë sesa seksi dhe menstruacionet, dua të paraqesë se si ti ekziston natyrshëm, në formën tënde natyrale me të gjitha mangësitë dhe madje edhe me gjeste primitive dhe më primordialet; të tregojë se ajo megjithatë është mirë dhe normale dhe autentike. Më erdhi shumë mirë që asnjëra nga vajzat nuk erdh e rregulluar, e grimosur, ishin shumë të lira dhe ishte shumë mirë. Mendoj të gjithë janë shumë të mira ashtu siç janë dhe nuk kam nevojë unë të shtojë diçka apo të ndryshojë. Ajo ishte ideja ime, të shtojë vetëm ndonjë vulë time dhe të theksoj diçka që vlerësoj se ndoshta duhet të theksohet”, tregon piktorja e re.
Ajo insiston se, çdoherë ka diçka më shumë të thuhet se sa feminiteti, ndërsa nëse imponohen temat e ndryshme në art apo kulturë, mund të kontribuojnë që të ndryshojë narrativi.
“Menstruacionet janë diçka normale dhe natyrale dhe biologjikisht të tilla dhe vlerësojë se sa më shumë tema që bëhen në temën “menstruacionet, menstruacionet, menstruacionet”, vetë ne e paraqesim se ajo është diçka që, nuk e di, ka shumë më tepër të flitet për ekzistencën e femrës se sa menstruacionet”, theksoi artistja.
Me vajzat, siç thotë, kanë pasur sete gjithëditore, kur ka tentuar t’i kap në poza në gjendje më të natyrshme.
“Kanë pasur për detyrë të sjellin veshje në të cilat ndjehen rehat dhe në të cilat nuk ndjehen rehat, ajo që i bën të ndjehen jo mirë për ndonjë arsye. Dhe më së shpeshti ato arsye kanë qenë seksualizim – jo se ato nuk duken mirë në ato – duken shumë mirë, megjithatë nuk ndjehen sigurt dhe po ashtu ajo më ka kontribuar drejt vet faktit se ka shumë më shumë çfarë të hulumtohet për gruan dhe psikologjinë e gruas. Me siguri për këtë nuk merrem me realizëm, duhet të kem ndonjë lidhjeje me gjënë dhe zakonisht temat që i punojë janë tema në të cilat jam e përfshirë, duhet ta ndjejë edhe unë atë. Duhet të kesh një llojë empatie dhe ta kuptosh me të vërtetë se nëse nuk e bën atë, do të jetë vetëm një vepër e mirë – estetike, ngjyra të mirë dhe aq”, potencoi ajo.
Kur ka filluar projektin me Vanjën e ka ditur se do të hulumtojë segmente të ndryshme. Ana është fokusuar ndaj gjithë konceptit, derisa Vanja, siç thotë, më shumë ndaj zanatit të portretizimit të vajzave.
Për Vanjën, kjo është hera e dytë të ekspozojë vepra në këtë mënyrë. Ajo thotë se, nënshkrimi i saj artistik qëndron në eksperimentimin e qëllimshëm me ngjyrën dhe shprehjen, duke vënë theksin e thellë te personazhet përmes pamjes së shprehjes së fytyrës.
“Procesi im kreativ është një udhëtim më i shumëllojshëm i cili fillon me kureshtje të vërtetë për botën rreth meje. Për mua hulumtimi është fazë kyçe ku zhytem në burime të ndryshme të inspirimit. Ajo mund të jetë literaturë, filozofi, çështje bashkëkohore, e madje edhe një vëzhgim i thjeshtë i jetës së përdithshme. Kam hedhur një rrjetë të gjerë, duke lejuar që elemente të ndryshme të depërtojnë dhe të bashkohen në mendjen time”, thotë artistja e re.
Ajo shtoi se, çdo ide kërkon edhe gjuhë të veten universale dhe për këtë fokusohet të hulumtojë teknika dhe materiale të ndryshme që të gjejë formën më të zëshme të shprehjes.
“Në punën time, unë synojë të shkojë përtej sipërfaqes, duke hyrë thellë në peisazhin emotiv të individëve dhe duke përjetuar botën e tyre të brendshme. Sytë posaçërisht, shërbejnë si portë ndaj kësaj mbretërie të brendshme, duke më lejuar të përcjellë një narrativ me nuanca dhe evokojnë një lidhje të thellë mes shikuesit dhe subjektit”, thotë Kashavellska.
Për fund, ajo thotë se “Diversus” është më shumë se ekspozitë e pikturave. Ajo paraqet udhëtimin e saj dhe ditarin vizuel i cili nga nesër do të jetë i hapur para vizitorëve.
Hapja do të jetë në orën 20, ndërsa ekspozita do të mund të shihet deri në fillim të janarit.
Angela Boshkoska