[Интервју] Oрганизаторите на Amsterdam Dance Event: Со мали чекори до статус на културен настан

Радио МОФ има свои известувачи од овогодинешниот Amsterdam Dance Event, па оттука, инспирирани од комплетното доживување сите овие години за време на ADE, тие беа љубопитни да дознаат нешто повеќе за тоа како се одвива организацијата на настанот во „позадина“, кој се’ е вклучен и каква е соработката со локалната власт.

Се работи за фестивал што ја обединува електронската сцена, клаберите и журкаџиите, но и сите оние приврзаници на целата индустрија што произлегува од електронската музика. Радио МОФ имаше специјална можност за мини интервју со организаторите, Јан Вилем ван де Вен (Jan Willem van de Ven) и Меиндерт Кенис (Meindert Kennis).

ADE се одржува веќе неколку децении. Кога ја остваривте првата соработка со локалните власти? Кој го направи првиот чекор ADE или градот Амстердам? Колку долго трае таа соработка? 

Се разбира, добра соработка и планирање секогаш е потребна кога организирате било каков настан во Амстердам. Првата сериозна соработка започна пред 15-тина години. Тогашниот директор на ADE се обрати до градската управа на Амстердам кои финансиски ја подржаа организацијата на ADE. Потоа седеше поддршка, од Concertgebouw и други институции се вклучија во организацијата. Со сето вмрежување успеавме ADE да добие статус на културен настан, а тоа го одбележуваат и црно жолтите знамиња кои се поставени низ целиот град и го симболизираат одржувањето на настанот секоја година. Пред да се воспостави сета соработка не бевме во можност да истакнеме такви симболи.

Фото: Felix Meritis, tomdoms, Max Cooper

Имате ли често несогласувања и за што се однесуваат?

Не, не баш. Сите актери вклучени во организацијата имаат свои специфични улоги. Ние сме на некој начин посредник, односно ги поврзуваме организаторите на настани (промотерски куќи, артисти и другите учесници) и градската управа. Се разбира, постојат перманетни консултации во врска со желбите на индивидуалните организатори и барањата на градската управа. На крајот секој организатор индивидуално е одговорен дали апликацијата за организција на настан ќе биде одобрена.

Секој кој сака да организаира било каков настан во рамките на ADE првично апликацијата ја испраќа до ADE со цел да се процени дали таков настан или локација се вклопува во целокупниот ADE концептот. Ако проценката е позитивна, апликацијата се праќа до градската управа. Со овој начин на работење обезбедуваме целиот настан да помине во најдобар ред.

Дали постојат податоци колкав е финансискиот бенефит кој ADE го има на локалната економија?

Не постојат конкретни бројки за тоа, но може да претпоставите дека станува збор за сериозен износ. На последното издание се продадоа 600.000 билети, и околу 450.000 посетители. Покрај тоа, имаме 1.000 настани на 200 различни локации на кои настапуваат 2.900 артисти. Според тоа може самите да направите проценка.

Огнен Тилиќ