Nëse doni të lexoni tekstin në gjuhën shqipe, shtypni “Shqip” / За текстот на албански јазик кликнете „Shqip“
-
Четири кратки документарни филмови, авторски дела на средношколци во рамки на овогодинешната програма на Докуникулци, годинава имаат своја премиера на јубилејниот, десетти фестивал за документарен филм Македокс. Еден од нив е „Log Out“, авторски филм на Рамона „Моња“ Кочишка. Со неа разговаравме за овој проект, но и за нејзината приказна со Македокс кој трае веќе неколку години.
Која е Рамона?
Имам 18 години и живеам во Скопје. Веќе 4 години сум дел од тимот на „Македокс“. Првите три бев волонтер во организацијата на фестивалот, а последнава сум дел од програмата „Докуникулци“.
Всушност, годинава за првпат влегов во водите на режисерската работа и на овогодинешниот фестивал се претставувам со својот авторски документарен филм „Log Out“.
Како започна да се занимаваш со кинематографија?
Искрено, пред Македокс бев многу позаинтересирана и посветена кон театар и музика. Меѓутоа во изминативе години овој фестивалот ме научи како да гледам еден филм. Како да го разберам. Особено кога станува збор за документарец, еден од најкомплексните видови на филмови, токму ова ме инспирираше да го започнам овој проект.
Што се всушност Докуникулци?
Докуникулци се група која постои веќе 3 години. Тоа е еден вид платформа која им дава простор на младите да се изразат преку документарен филм, да научат како се пишува синопсис, рецензија и самите да разберат во кој дел од снимањето на еден документарен филм тие припаѓаат.
Без разлика дали е тоа камера, светло, режија, филмска критика и слично, оваа платформа ти дава можност да ги научиш сите полиња на еден филм и самиот да се пронајдеш во нив.
Член на Докуникулци може да стане секој кој е на возраст од 14 до 18 години. Процесот е едноставен, испраќаш видео каде одговараш на неколку прашања, потоа следува процес на селекција и оние кои оставиле најголем впечаток се одбрани да бидат дел од тој тим. Потоа, одбраната група патува заедно со тимот на Македокс на патувачкото кино каде повеќе денови гледаме филмови, на отворено. Во тие денови на „Кино под ѕвезди“ ние всушност се запознаваме со документарниот филм и со целиот процес на негово развивање.
Целата поента е одблизу да се запознаеме со овој вид на филм, да ги разработиме сите идеи кои сме ги стекнале во текот на патувачкото кино и од сите десетина до дванаесет учесници се бираат три или четири идеи кои во текот на наредната година треба да бидат реализирани во еден целосен документарен филм.
Која е темата на филмот „Log Out“?
„Log Out“ е метафорично име на еден човек кој сака да се одјави од својата околина за да го постигне она што го замислил. Ретроспектива на неговиот живот и приказна за излегувањето од едно „обично“ општество. За овој човек тоа било како најава за остварување на сопствените интереси, но за луѓето околу него сето тоа било необично.
Која е главната инспирација зад овој филм овој филм?
Животната приказна на токму овој лик ми беше главна инспирација за да го направам овој филм. Би можела да кажам дека тој, вусшност, ми го има поставено целиот животен пат. Секогаш бил до мене и ме учел како треба и не треба.
Но, настрана од фактот што тој за мене лично има огромно значење, огромна инспирација за овој филм е целото негово животно дело. Во текот на неговиот живот има направено толку многу, а е толку скромен за се. Не се истакнува во јавност, не излегува пред публика, не се појавува на телевизија, не одбира ниедна партија. А сепак, неговите дела говорат за него посилно од било кои зборови.
Тој со свои 19 години започнал да работи во телевизија, правел разни музички и сатирични емисии. Веќе две години подоцна тој ги организирал најголемите музички фестивали низ Македонија. Постојано барал нешто повеќе од животот. Нешто повеќе од она што било „нормално“ за тој периодот и средината во која растел.
Кои беа најголемите тешкотии за време на снимањето?
Да снимаш документарец за лик кој знае дека снимаш филм за него, веројатно е многу полесно. Но овој лик за кого е всушност правен филмот, не знае дека ова се случува. Целото снимање мораше да помине тајно, со скриени камери. Пробуваш да фатиш некој момент, некој кадар, извадоци од негови интервјуа и конференции… Тоа беше дефинитивно голема тешкотија.
Меѓутоа не само тоа. За потребите на филмот ми беа потребни многу архивирани снимки и момени од неговиот живот. Неговите емисии, поранешни интервјуа, дури и делови од свадбата. Сакаш да искористиш се и да вметнеш во филмот, а не можеш. Треба на моменти да оставиш филмот да „издише“.
Всушност истражувањето, барањето на сите тие архивирани снимки кои го отсликуваат неговиот живот беше можеби најтешкиот дел. И монтирањето! Дефинитивно монтирањето…
Колку време траеше снимањето на филмот?
Во периодот од октомври до февруари траеше моето тајно снимање со телефон. Потоа следуваа четири интервјуа со него и некаде кон крајот на февруари веќе имавме материјал за филмот.
Тогаш следеше најтешкиот дел, монтажата. Се на се филмот беше готов по околу 8 месеци.
Дали би се пронашла себеси како режисер на некое друго поле или би останала во светот на документарците?
Сепак мислам дека откако ќе заврши целата оваа приказна, повторно би се насочила кон театар.
Кога би бирала помеѓу игран филм и документарец, би го одбрала второто. Има некој посебен дух што е, ако ништо друго, за неколку степени пореален од играниот филм.
Ги сакам играните филмови, гледам многу од нив. Но документарец е нешто посебно, нешто што се случува само еднаш. Имаш некој посебен момент и мораш да го фатиш веднаш. Никогаш повторно нема да го вратиш и да го преживееш и преснимиш истото.
Дали мислиш дека документарниот филм има иднина кај нас?
Со оглед на случувањата во послениов период, дефинитвно да. Ние имаме многу добри стари играни филмови, но сега веќе гледам дека креативноста кај режисерите многу повеќе се насочува кон документарецот.
Ако ги земеме за пример, не само „Медена Земја“, туку и сите филмови кои се најавени и допрва ќе излезат во наредните години, гледам дека овој вид филмска уметност се повеќе се цени и вниманието се насочува кон неа.
Од друга страна, од година в година, се забележува се поголем интерес и за учество во Докуникулци што ни дава до знаење дека и кај младите расте интересот на ова поле.
—————————————————————————————————————————————
„Log Out“ е првиот авторски филм на Рамона, член на овогодинешната програма на „Докуникулци“ како дел од македонскиот фестивал на креативен документарен филм „Македокс“.
Тој е во продукција на MakeDox Film School. Неговата премиера е најавена денеска (27 август), во 19 часот во Младински културен центар во Скопје, како дел од програмата за деца и млади на овогодинешниот репертоар на Македокс.
Георги Божиновски
-
(Intervistë) Ramona Koçishka: “Log Out” e incizuam fshehurazi, me kamera të fshehta
Katër filma të shkurtë dokumentar, vepra autoriale të nxënësve të shkollave të mesme në kuadër të programit Dokunikulci, këtë vit kishin premierën e tyre në dhjetëvjetorin jubilar të festivalit për film dokumentar Makedoks. Një prej tyre ishte “Log Out”, film autorial i Ramona “Monja” Koçishka. Me të biseduam në lidhje me këtë projekt, por edhe për storjen e saj me Makedonsk që zgjat tani më disa vite.
Kush është Ramona?
Jam 18 vjeç dhe jetoj në Shkup. Tani më 4 vjet jam pjesë e ekipit të “Makedoks”. Tre vitet e para isha vullnetare në organizimin e festivalit, ndërsa vitin e fundit jam pjesë e programit “Dokunikulci”.
Në fakt, këtë vit për herë të parë hyra në ujërat e punës si regjisore dhe në festivalin e këtij viti prezantohem me filmin tim dokumentar, autorial “Log Out”.
Si fillove të merresh me kinematografi?
Sinqerisht, para Makedoks isha më e interesuar dhe më e përkushtuar ndaj teatrit dhe muzikës. Mirëpo, vitet e kaluara ky festival më mësoi si të shoh një film. Si ta kuptoj. Në veçanti kur bëhet fjalë për film dokumentar, një nga llojet më komplekse të filmave, pikërisht kjo më inspiroi ta filloj këtë projekt.
Çfarë janë në fakt Dokunikulci?
Dokunikulci janë një grup që ekziston tani më 3 vjet. Është një lloj platforme e cila ju jep hapësirë të rinjve të shprehen nëpërmjet filmit dokumentar, të mësojnë si shkruhet përmbledhje, recension dhe vetë të kuptojnë në cilën pjesë të incizimit të një filmi dokumentar, ata bëjnë pjesë.
Pa dallim nëse është kamera, ndriçimi, regjia, kritika filmike dhe ngjashëm, kjo platformë të jep mundësi të mësosh të gjitha fushat e një filmi dhe vetë të gjesh veten në to.
Anëtar i Dokunikulci mund të bëhet secili që i takon grup moshës prej 14 deri në 18 vjet. Procesi është i thjeshtë, dërgon video ku përgjigjesh në disa pyetje, pastaj vijon procesi i seleksionimit dhe ata të cilët kanë lënë përshtypje më të madhe, zgjidhen të jenë pjesë e këtij ekipi. Më pas, grupi i përzgjedhur udhëton së bashku me ekipin e Makedoks në kinema udhëtuese, ku disa ditë shohim filma, në të hapur. Gjatë këtyre ditëve në “Kinema nën yje” ne, në fakt njoftohemi me filmin dokumentar dhe me gjithë procesin e zhvillimit të tij.
E gjithë esenca është që nga afër të njoftohemi me këtë lloj të filmit, t’i përpunojmë të gjitha idetë të cilat i kemi fituar gjatë kinemasë udhëtuese dhe nga të gjithë dhjetë deri në dymbëdhjetë pjesëmarrës të zgjidhen tre ose katër de të cilat gjatë vitit të ardhshëm duhet të realizohen në një film dokumentar të plotë.
Cila është tema e filmit “Log Out”?
“Log Out” është emër metaforik e një personi i cili dëshiron të ç’ lajmërohet nga rrethina e tij me qëllim ta arrijë atë që e ka paramenduar. Retrospektivë e jetës së tij dhe tregimit për daljen nga një shoqëri “e zakonshme”. Për këtë person, kjo ka qenë si paralajmërim për realizimin e interesave të veta, por për njerëzit rreth tj, e gjithë kjo ka qenë e pazakonshme.
Cili është inspirimi kryesor mbrapa këtij filmi?
Storja jetësore e pikërisht këtij personi ishte inspirimi im kryesor që ta realizoj këtë film. Mund të them se ai, në fakt, më ka shtruar të gjithë rrugën time jetësore. Çdo herë ka qenë afër meje dhe më ka mësuar si duhet dhe si nuk duhet.
Por, përskaj faktit që ai për mua personalisht ka rëndësi të madhe, inspirim i madh për këtë film është e gjithë vepra e tij jetësore. Gjatë jetës së tij, ka bërë kaq shumë, ndërsa është modest për çdo gjë. Nuk ekspozohet në publik, nuk del para publikut, nuk paraqitet në televizion, nuk zgjedh asnjë parti politike. Por, megjithatë, veprat e tij flasin për atë, më fuqishëm se cilat do fjalë.
Ai në moshën 19 vjeçe, ka filluar të punojë në televizion, ka bërë emisione të ndryshme muzikore dhe satirike. Dy vjet më pas, ai ka organizuar festivalet më të madha muzikore nëpër Maqedoni. Vazhdimisht ka kërkuar diçka më tepër nga jeta. Diçka më tepër nga ajo që ka qenë “normale” për atë periudhë dhe mjedisin ku është rritur.
Cilat ishin vështirësitë më të mëdha gjatë xhirimit?
Të incizosh dokumentar për person i cili e di se po incizon film për atë, me siguri është shumë më lehtë. Por ai person për të cilin është bërë filmi, nuk e di se kjo po ndodh. I gjithë incizimi duhej të kalonte në fshehtësi, me kamera të fshehta. Provon të kapësh ndonjë çast, ndonjë kuadër, pjesë nga disa intervista dhe konferenca… Kjo përfundimisht ishte vështirësia më e madhe.
Mirëpo, jo vetëm kjo. Për nevojat e filmit, duheshin shumë incizime nga arkivi dhe momente nga jeta e tij. Emisionet e tij, intervistat e mëparshme, madje edhe pjesë të dasmës. Dëshiron të shfrytëzosh gjithçka dhe të inkorporosh në film, por nuk mundesh. Në momente të caktuara duhet ta lësh filmin të “marrë ajër”.
Në fakt hulumtimi, kërkimi i të gjitha incizimeve arkivore të cilat e reflektojnë jetën e tij, ndoshta ishin pjesa më e vështirë. Edhe montimi! Përfundimisht montimi…
Sa kohë zgjati incizimi i filmit?
Gjatë periudhës nga tetori deri në shkurt, zgjati xhirimi im sekret me telefon. Më pas vijuan katër intervista me të dhe diku kah fundi i shkurtit kishim material për filmin.
Atëherë vijoi pjesa më e vështirë, montazhi. Në përgjithësi, filmi ishte gati pas rreth 8 muaj.
A do të kishit gjetur veten si regjisore në ndonjë fushë tjetër ose do të kishit mbetur në botën e filmave dokumentar?
Megjithatë mendoj se pasi do të përfundojë e gjithë kjo storje, përsëri do të isha përcaktuar kah teatri.
Nëse do të kisha zgjedhur ndërmjet filmit artistik dhe dokumentarit, do të kisha zgjedhur të dytin. Ka ndonjë frymë të veçantë që është, nëse asgjë tjetër, për disa shkallë më real nga filmi artistik.
I dua filmat artistik, shoh shumë prej tyre. Por filmi dokumentar është diçka e veçantë diçka që ndodh vetëm njëherë. Ke ndonjë moment të veçantë dhe duhet ta kapësh menjëherë. Asnjëherë më nuk do ta kthesh dhe ta përjetosh dhe ta incizosh përsëri.
A mendon se filmi dokumentar ka ardhmëri tek ne?
Duke pasur parasysh ndodhitë gjatë periudhës së fundit, përfundimisht po. Ne kem filma artistik të vjetër, shumë të mirë, por tani po shoh se kreativiteti tek regjisorët shumë më tepër po drejtohet kah filmi dokumentar.
Nëse i marrim si shembull, jo vetëm “Toka e mjaltë”, por edhe të gjitha filmat të cilat janë paralajmëruar dhe që tani e tutje do të dalin vitet e ardhshme, shoh se ky lloj i artit filmografik , po çmohet gjithnjë e më tepër dhe vëmendja po drejtohet kah ai.
Nga ana tjetër, nga viti në vit, vërehet interes më i madh edhe për pjesëmarrje në Dokunikulci që na bën me dije se edhe te të rinjtë po ritet interesi për këtë fushë.
—————————————————————————————————————————————
“Log Out” është filmi i par autorial i Ramona, anëtare e programit të “Dokunikulci” për këtë vit, si pjesë e festivalit maqedonas të filmit dokumentar kreativ “Makedoks”.
Ai është në produksion të MakeDox Film School. Premiera e tij është paralajmëruar për sot (27 gusht) në ora 19 në Qendra Kulturore Rinore në Shkup, si pjesë e programit për fëmijë dhe të rinj në repertorin e Makedoks.
Georgi Bozhinovski