For English version of the text, click “English” / За текстот на англиски јазик кликнете „English“
-
Македонија има паметни и образовани млади луѓе на кои им е потребна поддршка за да станат одлични претприемачи, оценуваат професорот Стивен Бренд и Кристин Келтерборн од Институтот „Вилијам Дејвидсон“ при Универзитетот во Мичиген. Тие за време на својата посета на Македонија изминатата недела имаа прилика да се сретнат со бројни претставници од македонската бизнис заедница.
„Едно од најчестите прашања што го поставувавме за време на посетите е – што им треба на младите? Една од тие работи е самодовербата. Тие мора да веруваат дека можат да го направат тоа, мора да почувствуваат дека тие ја имаат моќта да ги контролираат своите животи и да станат претприемачи. Ако не изградат самодоверба, тие ќе останат на вообичаената работа, или ќе бараат и чекаат некој да им понуди работа“, рече Бренд при неговото гостување во Радио МОФ.
Тој долги години соработувал со студенти помагајќи им да ги развијат нивните идеи. Бренд разви наставна програма на Американскиот универзитет на Блискиот Исток, каде што предава претприемништво. Тој продолжува да работи со претприемачи и факултети ширум светот кои сакаат да создадат култура на иновации во нивните земји и пошироко.
Неговиот заклучок е дека државата има одлични ресурси за да го развива претприемништвото, но за тоа да се случи, првично е потребно желба од младите.
„Академските институции се фокусираат на теорија, а ве тестираат на знаење. Но, претприемништвото не е само знаењето туку и светогледот. Колку студентите имаат смелост да се исправат кога нема да успеат, и да размислуваат поинаку. Тоа не секогаш се случува во училницата бидејќи тие се фокусираат на информацијата и задачите. Но, во неформалното образование нема толку очекувања и имате повеќе можност да размислувате слободно и да учете кога навистина ви треба информацијата. Јас тоа го нарекувам – навремено учење. На пример, морам да направам буџет, тогаш е време да научам како се прави тоа“, вели Бренд.
Друга работа која ја посочува е независноста. Професорот нагласува дека претприемачот не е личност која би седела меѓу четири ѕидови и би го правела она што што друг го налага.
„Луѓето кои се креативни имаат одлични идеи, луѓето кои се иноватори имаат одлични идеи кои ги засегаат луѓето, а претприемачите имаат одлични идеи кои ги засегаат луѓето, но некој би платил за нив. Тоа што некој сака да плати за нив е најважното“, посочи Бренд.
На ова се надоврза и неговата колешка која подвлече дека претприемачите мора да бидат подготвени и на неуспех и да бидат отворени за различни идеи.
„Преприемачот мора да сфати што сака пазарот и кои се неговите желби“, вели Келтерборн, која доаѓа од Центарот за развој при Универзитетот во Мичиген каде за своите студенти нудат менторска поддршка и разни обуки од полето на претприемништвото.
Бренд ги повика младите добро да набљудуваат и да најдат што недостасува околу нив.
„Македонија е толку мала земја што не можете да станете претприемач само ако работите во рамки на државата. Ќе имате мал бизнис, но ако навистина сакате да станете претприемач мора да се оди на интернационално ниво веднаш“, предлага тој.
„Идејата не е да се развие нешто што соседот до вас сака, туку луѓето од другите држави, на Балканот, во Европа, во САД… Македонија има едуцирани луѓе и ако сте паметни, слушате добро и сте доволно отворени да бидете менторирани, тогаш можете да бидете претприемачи“, рече Бренд.
Кога станува за мотивацијата, тој сподели искуство при кое интервјуирал 100-тина млади луѓе за тоа што ги натерало да станат иноватори.
„Ретко кој одговори дека тоа е училиштето“, вели Бренд.
„Сите зборуваа за ментори, за родители, за роднини, за одење во музеј за наука, но не и за седење во училница. Ако тоа е она што најдобрите иноватори ги инспирира, тогаш тоа е неформалното образование. Ние мора да размислиме како средината на универзитетот да ја направиме повеќе отворена, да биде посветена повеќе на спроведување проекти кои инспирираат иновација, а не да очекуваат тоа да се случи откако ќе си заминат студентите“, заклучи професорот.
Емилија Петреска
-
Macedonia has smart and educated young people who need support to become excellent entrepreneurs, say Professor Stephen Brand and Kristin Kelterborn from the William Davidson Institute at the University of Michigan.
During their visit to Macedonia last week, Brand and Kelterborn had the opportunity to meet with numerous representatives of the Macedonian business community.
“One of the most common questions we asked during visits is what do young people need? One of these things is self-confidence. They must believe they can do it, they must feel that they have the power to control their lives and become entrepreneurs. If they do not build self-confidence, they will remain in the usual job, or they will look and wait for someone to offer them a job, “he said during his visit to Radio MOF.
Brand has collaborated with students for many years in helping them develop their ideas. He developed the Design Thinking curriculum at the American University of the Middle East where he taught entrepreneurship courses. He continues to work with entrepreneurs and faculties around the world who seek to conceive a culture of innovation in their countries and beyond.
His conclusion is that the state has excellent resources to develop entrepreneurship, but for that to happen, a desire from the youth is needed.
“Academic institutions focus on theory, and they test you on knowledge. But to become an entrepreneur is not about knowledge, it’s about having that mindset. It’s about having tenacity and resilient to come up from fail, and really think differently. And that doesn’t always happen in the classroom, because they are focused on the information and tasks. But, in the informal environment there are no expectations like on college, and have much more ability to think freely and learn when you need the information. I call it “just in time learning”. I need to know how to make a budget, well then it’s time to learn”, says Brand.
Another thing that Brand points out is the independence. The professor emphasizes that the entrepreneur is not a person who would sit “in a cube” and would do what others require.
“People who are creative have great ideas, people who are innovators have great ideas that other people care about, and entrepreneurs have great ideas that people care about that someone is willing to pay for them. That “pay for” is the most important thing”, says Brand.
His colleague agrees by adding that the entrepreneurs must be prepared for failure and be open to different ideas.
“The entrepreneur needs to understand what the market wants and what his wishes are”, says Kelterborn, who comes from the University of Michigan’s Development Center where they offer mentoring support and various trainings in the field of entrepreneurship.
Brand urged young people to observe well and find what is missing around them.
“Because Macedonia is such a small country, you can’t become an entrepreneur in just serve in Macedonia. You going to have a small business, but if you really want to become an entrepreneur, you must go on an international immediately”, he suggests.
“The point is to develop something not just your next neighbor wants, but that people from other countries, in the Balkans, Europe, the United States… People in Macedonia are well educated and if you are smart, and you can listen and pay attention what is going on and you are open to be couched, then you can be a good entrepreneur”, said Brand.
When we talked about the motivation, he shared an experience in which he interviewed 100 young people about why they became innovators.
“They rarely said school“, Brand said.
“They talked about mentors, their parents, relatives, going in a science museum, they learned from things that are not typical you would expect, it’s not sitting in the classroom. If that is what the best innovators would inspires them it is the informal. Us, in college area we need to think about how to make university environment much more open and more project based, with things that would innovators inspires, they should not just expect that could happen once they leave”, the professor concluded.
Emilija Petreska