Покрај сите анализи, инфографици, следење проблематики и покривање дневни актуелности поврзани со сите млади и не-толку-млади, Радио МОФ пишуваше и дававаше светлина и на разни уметници, културни работници, активисти, волонтери, креативци, ентизијасти, разни борци, секој своето своето поле… кои ни даваа напредна мисла и здрав разум.
Еве некои кои можеби поминаа „под радар“, а вредат да се издвојат од првата половина на 2024 година:
[Интервју] Филип Букршлиев, „Строг пост“: Културниот проток не би можел да биде задушен или изгладнет до смрт
Пред да се случи промоцијата и музичките истражувачи да го чујат деби парчето на „Строг пост“, Филип Букршлиев за Радио МОФ одговараше на прашања за самиот состав и албумот на овој бенд. Исто и за домашниот културен проток, мачките, чудесноста и апсурдноста на постоењето… и се’ попатно.
Ирина Јаневска, АРНО: Сакаме младите да работат на зелени и социјални претпријатија, наместо да учат од „Мекдоналдс“ и „Старбакс“
Ирина Jаневска од „АРНО“ често, како од пушка зборува за социјалното и зелено претриемништво. Може да говори со часови. Нон-стоп. Тоа и е „слабост“. Ама тоа и го живее, работи, лобира, пренесува и до младите генерации. За бизниси поврзани со филантропија, со човекољубие, или бизниси кои имаат повисока цел од остварување профит.
[Интервју] Игор Раиден: Научнофантастичниот жанр има потенцијал за развивање на јазикот
На прагот на новата година, еден студен декемвриски ден го стопли веста за објавата на „Издигнување“ – нов македонски роман што оттогаш кружи во книжевниот етер. „Издигнување“ е првонаградениот ракопис на конкурсот „Новите!“, а со тоа, според издавачката куќа „Темплум“ и најдобар дебитантски прозен ракопис за 2023 година. Авторот Игор Раиден за своето првенче кое доаѓа од друга планета, со многу напредна технологија и секако научна фантастика, вели дека праќа порака за акција во општеството што моментално тоне во апатија.
[Интервју] Игор Раиден: Научнофантастичниот жанр има потенцијал за развивање на јазикот
[Мегафон] За помалку бездомни кучиња мора да се проверува дали милениците се чипирани или стерилизирани
Анастасија Точевска е активистика за правата на бездомните животни и една од основачките на здружението „Шепасти Ентузијасти“. Таа во „Мегафон“ рече дека за да се намали бројот на кучиња на улица најважно е да се врши проверка дали домашните кучиња се чипирани и стерилизирани.
Аналогните фотографии и плочите шармираат и во дигитална ера
Апаратите на филм и винилот во последните неколку години го доживеаја својот „камбек“ и во земјава. Како потврда за тоа може да се земат и продавничките за аналогни апарати и филмови, кои сè уште опстојуваат и каде се развиваат филмови, а и плочите што може да се најдат на сè повеќе места – на пример во големите книжарници. Се разбира, тука се и локалните уметници кои прават цели изложби со аналогни фотографии и објавуваат или пуштаат музика исклучиво на винил.
Аналогните фотографии и плочите шармираат и во дигитална ера
[Интервју] Филип Ивковски, НМСМ: Животниот стандард е на прво место кај младите
Филип Ивковски е претседател на Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а доаѓа од младинската организација „Младите можат“. Во интервју со Радио МОФ одговараше на прашања за заложбите на НМСМ, што е она што бараат младите во Македонија, какви услуги се потребни за нивното ментално здравје, а објаснуваше и за недостатоците во образовниот систем, за ниската примена на Законот за млади, но и за важноста на инклузијата.
[Интервју] Филип Ивковски, НМСМ: Животниот стандард е на прво место кај младите
Младинскиот театарски центар „Зона“ од Прилеп им дава можност на младите вљубеници во театарот да ги покажат вештините
„Живеам за театарот, созревам и учам, театарот ја буди уметноста во мене“. Вака ни ја опиша театарската приврзаност и љубовта кон актерството младата Марија Јовеска, една од членовите во аматерскиот младински театарски центар (МТЦ) „Зона“ од Прилеп.
„Корпорација Вагина“ направија концертен филм: Сакаме публиката да се „изгуби“ во нашиот свет
„Со многу љубов и пот со нашите другари направивме концертен филм, лајв албум, 50-минутен спот, не знаеме ни ние што е, ама мислиме ќе ви се допадне“. Вака дечките од составот „Корпорација Вагина“ (Vagina Corporation) го најавија нивниот нов концертен филм „Дали е ова живо?“, кој на 11 февруари, недела, беше прикажан во Кинотеката на Македонија.
„Корпорација Вагина“ направија концертен филм: Сакаме публиката да се „изгуби“ во нашиот свет
Бесконечната планинарска трансверзала треба да покаже убавини од Македонија кои сѐ уште не се истражени
Воздух, вода, храна од почва. Ова се првите асоцијации кои ги добива човек кој поминал барем неколку часа во прошетка на планина или во искачување врвови. Во Македонија планинарењето е спорт кој има свои верни пријатели, па се организираат планинарски тури што траат со часови или денови. Во земјава постои Западна и Централана планинарска трансверзала, а од скоро македонските врвови ги гушка и веста за формирање Бесконечна планинарска трансверзала со која се исцртува кружна патека што поминува низ планините од западниот, централниот и источниот дел од Македонија.
Џејмс О’Лери: Поезијата продолжува да ме буди во свет на изразување и ми овозможува да ги согледам работите со нови очи
Во пресрет на вториот ден од „Скопскиот поетски фестивал“ направивме интервју со еден од гостите, поетот Џејмс О’Лери кој доаѓа од Ирска. Тој заедно со поетесата Одвеиг Кливе одржаа мастерклас за поетски филмови наменет за млади, а читаа и на интернационалната поетска вечер заедно со поети од Грција, Словенија, Србија и Хрватска. Низ разговорот Џејмс ни откри повеќе за неговиот процес на пишување, неговите ставови за поезијата, филмот и театарот, а разговараме и за тоа зошто се важни поетските фестивали.
[Мегафон] Весна Алексовска: Борба за терапија и услуги за лицата со ретки болести
Семејствата со ретки болести во нашата земја немаат баш совршен живот. Живеат под стрес, без доволно лекови и услуги, често се заложници на долги и комплицирани административни процедури, па затоа е потребно македонскиот здравствен и социјален систем да претрпи промени. Весна Алексовска од Здружението „Живот со предизвици“ во епизода на „Мегафон“ посочи дека во Македонија има над 300 ретки болести, но за многу малку има терапија.
[Мегафон] Весна Алексовска: Борба за терапија и услуги за лицата со ретки болести
Бојан Станиќ: „Контра библиотека“ е внимателна селекција на книги за кои сметаме дека е важно да бидат достапни
Дебатното кино „Контра кадар“ и „Пондер“ од Битола на 6 април на нивниот фестивал за музика и книги „Контрафест“ ја промовираа бесплатната радикална библиотека „Контра библиотека“ чија цел е на читателите да им обезбеди лесен пристап до внимателно избрана селекција на книги и стрипови. Бојан Станиќ еден од идејните творци на „Контра Библиотека“ во разговор за Радио МОФ рече дека иницијатива за ваква библиотека имало уште во 2017 година и таа функционирала на база на „земи – остави“ и била поставувана на проекциите на дебатното кино „Контра кадар“.
[Интервју] Никола Нешкоски: Велосипедска авантура до највисокиот вулкан во светот
Во 1937 година, Јан Алфред Шчепански и Јустин Војснис, членови на полска експедиција, за првпат го освоија Охос дел Саладо, највисокиот вулкан во светот. Оттогаш низ изминатите децении стотици луѓе се искачија на овој специфичен вулкански врв на Андите, но само десеттина со велосипеди. Меѓу нив од 2024 година се вброија и двајца Македонци – велосипедистите Никола Нешкоски и Илија Деревјов. Нешкоски во разговор со Радио МОФ ја раскажа нивната авантура…
[Интервју] Никола Нешкоски: Велосипедска авантура до највисокиот вулкан во светот
„Гола Планина Колектив“ ја лансира издавачката куќа „Мртов коњ“
Мртов коњ“ е самостојна издавачка куќа од Македонија, тазе создадена годинава од „Гола Планина Колектив“. Од колективот рекоа дека ова е само отслик на едно движење што се случува на сцената во регионот. Притоа, потребна е поддршка на независната сцена.
„Гола Планина Колектив“ ја лансира издавачката куќа „Мртов коњ“
Последен активистички обид да се спаси „Купром“ од градежни апетити
Организацијата „Културно ехо“ долго време бара „Купром“ да се пренамени во културен центар, или студентски град. Особено што овој историски објект е дел од колективната меморија на граѓаните, а поради оваа фабрика се развиваат Хром и околните населби, како и целата општина Ѓорче Петров.
Последен активистички обид да се спаси „Купром“ од градежни апетити
Танос Гогос: Пишувањето поезија е процес на самоизразување, кога ќе ја објавите поезијата таа не ви припаѓа само вам
„Во литературата, за разлика од животот, можеш да отидеш во еден бар, да живееш приказна, а потоа да го вратиш времето, да отидеш во друг бар, да живееш друга приказна, а потоа да избереш која приказна ќе биде вистината на книгата. Така, за „Глазгов“ сакав целосна мобилност, додека во „Дакар“ сакав тишина. Претпоставувам дека секоја книга доаѓа од таа длабока потреба – или за мир, или за стимулација – и потоа или патуваме или се повлекуваме, физички или метафорички“, рече поетот Танос Гогос во интервју со Радио МОФ.
Дора Смилевска: Студентскиот дебатен клуб те учи да размислуваш „надвор од кутијата“
Компетитивноста, дружбите и континуираното учење лежат во сржта на дебатните клубови, раскажува Дора Смилевска, координаторка на дебатната програма при Младинскиот образовен форум (МОФ) која во „дебатните води“ е долги години.
Дора Смилевска: Студентскиот дебатен клуб те учи да размислуваш „надвор од кутијата“
[Видео] Саем на книга 2024: Што сакаат младите најмногу да читаат
Мирис на нови книги, позитивна енергија и возбудени вљубеници на пишаниот збор беше впечатокот со кој си отидовме од Саемот на книга кој оваа година се одржуваше под слоганот „Приказната се чита“. Во какви приказни веруваат, што сакаат да прочитаат и колку се задоволни од изборот на книги поразговаравме со младите посетители.
[Видео] Саем на книга 2024: Што сакаат младите најмногу да читаат
YouThink: Покрај неформалност, подкастите треба да имаат и одговорност кон јавноста
Зошто се толку популарни подкастите, зошто е тој брзорастечки тренд? Можеби поради неформалниот пристап наспроти содржините што ги нудат традиционалните медиуми? Истовремено, колку подкастерите се трудат да одржуваат етички стандарди, или можеби е потребно да размислуваат и за поодговорен пристап? На дел од овие прашања се фокусиравме во подкастот YouThink, каде гостинка ни беше Теодора Цветковска од подкастот Анекта, која заедно со Блинк Маркетинг и медиа решиja да го лансираaт првиот подкаст агрегатор во земјава – podcasts.mk.
YouThink: Покрај неформалност, подкастите треба да имаат и одговорност кон јавноста
[Интервју] Нина Насеска, авторка на „Петкамен“: Камчето е сè уште во воздух, а ние веќе сме пораснале
Младата авторка, 22 годишната Нина Насеска од Прилеп во своето детство заедно со својата баба ја играла прастарата детска игра Петкамен, која вообичаено се игра со пет камчиња кои се фрлаат во височина и се фаќаат со една рака. Од таму се инспирира да го напише расказот „Петкамен“, за подоцна така да ја наслови и својата збирка раскази поттикната од спомените во детството, растењето, но и менувањето на животните фази.
[Видео] „Макстрипови“: Започнавме стрип-школа за средношколци за да се впрегне нивната креативност
НВО Инфоцентарот во Младинскиот културен центар секоја недела беше збирно место за група креативци – средношколци кои делат пасија кон стрипот. Тие се дел од стрип-школата што ја води Здружението за промовирање на стрип културата „Макстрипови“. По минатогодишното прво издание на „Стрип-трип“ фестивал, Давор Драмиќанин и Здраво Гиров осетиле дека има потреба да организираат школа преку која ќе се запознаат со млади стрип-автори, а ним ќе им ја пренесат љубовта и знаењето за стрипот.
[Видео] „Макстрипови“: Започнавме стрип-школа за средношколци за да се впрегне нивната креативност
Борче Димитровски: Геодетски куполи може да бидат домови, летниковци или оранжерии
Во цветниот и често дождлив месец мај, „Природна Перспектива“ заедно со „СФЕРИКА“ во селото Стар Иственик, делчевско, организираше семинар на кој присутните беа опремени со основно знаење за изградба на објекти во форма на геодетски куполи. Семинарот го водеше Генчо Генчев од Бугарија, а домаќинот Борче Б. Димитровски за Радио МОФ вели дека целиот тим заедно изградил геодетска купола во дворот на „Природна Перспектива“. Притоа, се забавувале, развивале вештини и учеле, како за денешната примена, така и за историјатот на ваквите градби.
Борче Димитровски: Геодетски куполи може да бидат домови, летниковци или оранжерии
Ана Стојаноска: Фестивалот „Војдан Чернодрински“ е на сите институционални театри во Македонија и на сите театарски работници и уметници
Оваа година на театарската сцена на фестивалот „Војдан Чернодрински“ се изиграа единаесет претстави во продукција на националните театри и шест претстави во придружната програма. Радио МОФ имаше можност да направи кратко интервју со Ана Стојаноска, уметничката директорка.
[Видео] Дуалното образование е двонасочен процес од кој бенефит имаат и учениците и компаниите
Јана Василева е ученичка во дуална паралелка во средното училиште ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ во Охрид. Покрај редовната посетува и практична настава во фабриката „Костал“ каде со помош на ментор ги подобрува своите и знаења и вештини. Според Јана, практичната настава во областа на производното машинство е предизвик, но и рушење на стереотипи бидејќи, како што вели, оваа професија кај нас се’ уште се смета за машка.
[Видео] Дуалното образование е двонасочен процес од кој бенефит имаат и учениците и компаниите
[Видео] Изложба на јапонските „Нингјо“ – од кукла до уметничко дело
Во Археолошкиот музеј во Скопје беше отворена изложбата на јапонски кукли „Нингјо“. Во оваа поставка има 68 варијанти на репродукции на оригиналите кои се наоѓаат во токискиот музеј. Изложбата е поделена на четири хронолошки и типолошки сегменти, рече Трајан Зафировски, виш кустос и комесар на изложбата кој ни направи тура низ поставката.
[Видео] Изложба на јапонските „Нингјо“ – од кукла до уметничко дело
Делувајте на било кој начин за да се подобрат работите околу вас, им порачаа активисти на младите на „Engage youth“
Дворчето на Младинскиот образовен форум (МОФ) го исполнија седумдесетина млади луѓе кои и покрај жешкото време се собраа да слушнат идеи на неколку креативци за социјален активизам и што тој значи за општеството. Вториот „ENGAGE Youth“ беше сцена за шестмина говорници од пет младински и активистички организации и иницијативи кои зборуваа за донирање велосипеди, ментално здравје, олеснување на пристапот за лица со попреченост, младите и заштитата на дивиот свет и како да ги зачуваме јавните простори.
Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ за првпат ќе трае две вечери
„Местото каде што спојот на енергијата, емоциите и внатрешниот порив да се каже она што ни лежи на душа се разлеваат во зоната на празнење. Овде, секој миг е одраз на чистата мисла, искрената љубов и страст кон музиката. Борбата за подобро утре никогаш не престанува! Конечно нашиот сон се исполнува. Два дена со многу бендови, секој спремен да ја разоткрие својата уникатна приказна“, рекоа организаторите за петтиот „Metal Discharge“ во Битола, единствениот фестивал во Македонија за авторска метал музика.
Единствениот македонски метал фестивал „Metal Discharge“ за првпат ќе трае две вечери
[Интервју] Мариана Цветкоска, истражувачка: Ме привлекува историјата и мистеријата на напуштените градби
Во скоро секој македонски град и во секое село, во центарот и на перифериите, има напуштени куќи, хотели, цркви, фабрики, училишта, летувалишта, планинарски домови, железнички станици и возови, авиони или базени. Станува збор за социјални свртувалишта, културни богатства или значајни спомени на многу генерации кои сега веќе се загушени во прашина од рушевини, заглавени во времето и заборавени од, речиси, сите. Една од оние што не забораваат што се случувало во нив е Мариана Цветкоска, девојка од Прилеп. Таа уште од дете ги истражува старите напуштени објекти и архитектури.
[Интервју] Саше Голчев, „Atriohm“: Да продолжиме да ја негуваме магијата на музиката
[Интервју] Лео Голчев, „Tengri“: Сите овие 20 години се посвета за вас, сeкој од вас
Две имиња се издвојуваат во психоделичната транс сцена со нивните извонредни придонеси и трајното наследство. „Atriohm“ и „Tengri“, пионерите кои го обликуваа звучниот пејзаж на форест псајтрансот, како и инспирираа безброј уметници и фанови, оваа година ја слават својата 20-годишнина. За да го доловиме оваа значајнo достигнување, разговаравме поединечно „Atriohm“ и со „Tengri“, осврнувајќи се на нивното заедничко музичко патување, различните креативни процеси и еволуцијата на психоделичниот транс.
[Интервју] Саше Голчев, „Atriohm“: Да продолжиме да ја негуваме магијата на музиката
[Интервју] Лео Голчев, „Tengri“: Сите овие 20 години се посвета за вас, сeкој од вас
„Орцашка вечер на поезијата“: Ние сме голема група ученици кои уживаат во целиот процес на уметност и стихови
Група ученици од скопската гимназија „Орце Николов“ трета година по ред ја организираа „Орцашка вечер на поезијата“ – настан полн поезија, уметникување и култура. По третпат тој се одржи на 26 март. Со средношколките Софија Добревска и Бојана Цветковска седнавме на кафе-разговор во кој тие зборуваа како се вклучиле во настанот, како се подготвуваат во текот на годината и како преку тоа постојано запознаваат нови таленитрани млади поети и поетеси.
[Галерија] Трет пат „Спознавање“ со талентите и културната сцена
Дарко Беровски е млад иницијатор од Битола, ПР студент на Правниот факултет, кој не успева да најде одговор на прашањето дали доволно ги поддржуваме нашите локални уметници, па чувствува нагон да придонесе со „Спознавање“. Тој објасни дека со оглед на неговото новинарско и ПР знаење и искуство, решава да создаде сопствена платформа на која ќе им даде простор на сите вредни креативци да блеснат.
[Галерија] Трет пат „Спознавање“ со талентите и културната сцена
„Конопфест“ го врти вниманието кон декриминализација на канабисот во медицински и рекреативни цели
„OCB Конопфест 2024“ под мотото „Ослободи ја билката“ по третпат се одржа во Градскиот парк во Скопје на 20 април на новата сцена Лепеза. Идејата и целта на настанот, кој е во организација на „Билка“, беше да се крене гласот за декриминализација на канабисот во медицински и рекреативни цели.
„Конопфест“ го врти вниманието кон декриминализација на канабисот во медицински и рекреативни цели
Театарот под лупа на културните работници: Колку е важен и дали нешто му недостасува?
По повод 27 март, секоја година се испраќаат театарски пораки, светска и македонска. Автор на македонската порака оваа година беше филмскиот актер и театарски режисер Коле Ангеловски, а на светската Јон Фосе, норвешки писател и драматург. За тоа зошто е важен театарот и што им недостига на театарџиите кај нас за да биде подобро, ние одлучивме да прашаме неколку театарски и културни работници.
Театарот под лупа на културните работници: Колку е важен и дали нешто му недостасува?
[Видео] Youthink: Печатените медиуми најдобро се промовираат преку социјалните мрежи
Како успеваат да опстанат печатените медиуми во дигитална ера? Колку е важно да постојат и кој е патот кој треба да го поминат? Дали има интерес кај младите за овие медиуми? На дел од овие прашања се фокусиравме во YouThink подкастот, каде зборувавме со Тони Димков, долгогодишен и искусен новинар кој во моментов е новинар и уредник во неделниот културен прилог на весникот „Слободен печат“ – „Културен печат“ и младиот новинар и ПР менаџер Дарко Беровски кој е основач, уредник и новинар на списанието „Спознание“.
[Видео] Youthink: Печатените медиуми најдобро се промовираат преку социјалните мрежи
Фестивал на јапонска култура „Сакура“: Приказна за непостојаноста на убавината
„Сакура“ е новото име на фестивалот на јапонска култура, кој се случи во Младински Културен Центар (МКЦ). Под слоганот „Расцути ја иднината“, фестивалот оваа година даде фокус на јапонското учење за тоа како да ја почитуваме природата и да создадеме подобра иднина за сите, фрлајќи светло на нашата лична одговорност и ангажираност за тоа каква иднина ќе доживееме како заедница.
Фестивал на јапонска култура „Сакура“: Приказна за непостојаноста на убавината
Шехи: Младите многу ретко ги перцепираат институциите како место за помош за менталното здравје
Неодамна во Македонија беше усвоена првата Национална стратегија за ментално здравје за млади. Податоците за менталното здравје на младите се загрижувачки и покажуваат дека голем дел од младите имаат предизвик со депресијата, стресот, анксиозноста и суицидалните мисли, а огромен дел од нив имаат поголема потреба за нега и грижа на менталното здравје. Загрижувачки податоци за менталното здравје на младите се нотирани и во истражување на Филозофскиот факултет на УКИМ кое го добиле НМСМ. Токму тие податоци, како што објасни програмскиот асистент во НМСМ Ардит Шехи за Радио МОФ, им дале поттик да продолжат да работат на темата.
Шехи: Младите многу ретко ги перцепираат институциите како место за помош за менталното здравје
[Видео] Изработување на бележници за книги во кафе-книжарницата „Илика“
Меѓу зградите на Градскиот ѕид во центарот на Скопје се наоѓа кафе-книжарницата „Илика“. Таа еден викенд беше претворена во креативно катче каде се изработуваа бележници за книги. Во „Илика” месец април го одбележуват со мотото „Пролетта е река” инспирирано од сликовницата „Што е река?“, а имаше и други книги кои во месец април беа во фокусот.
[Видео] Изработување на бележници за книги во кафе-книжарницата „Илика“
[Интервју] Кристина Паскоска ќе оди на експедиција низ сите 1.645 села: Ова е за сите нас под ова Сонце
Младиот етнолог и антрополог Кристина Паскоска неуморно ја истражува и проучува македонската природа и култура, поткрепувајќи ја со научни студии, авторски фотографии и документарни филмови кои ги прикачува на својот блог и фејсбук профил Мекам.мк. На почетокот на годината етнографката го најави својот најголем проект досега, а тоа е претстојната експедиција низ сите 1.645 македонски села од која ќе произлезат повеќе монографии, брошури, работилници, изложби и книги со живописни патописи.
[Видео] Инсталации од современи бајки за пет македонски хероини ќе се вдомат во културно-образовни институции
Десет средношколки беа дел од работилница за креативно пишување во организација на „Дума ин Сума“, по што напишаа бајки за македонските хероини од историјата. „Дума ин Сума“ е неформална иницијатива за култура составена од Марија Бошковска и Ивана Смилевска и визуелниот уметник Дарко Алексовски. Под нивно менторство, младите за време на работилницата се запознаа со бајки од цел свет, но и мимовите, активизмот и не-толку-познатата македонска, женска историја.
Отворен првиот Центар за момчиња и мажи кои се соочуваат со насилство или имаат проблем со менталното здравје
ХЕРА го отвори првиот ММ-Центар за советување и поддршка на момчиња и мажи во Македонија, кој ќе нуди бесплатни психолошки и психотерапевтски советувања со физичко присуство или преку виртуелни канали на македонски и албански јазик. Момчињата и мажите ќе можат да побараат поддршка за справување со семејни проблеми, насилство, депресија, анксиозност, апатичност, булинг…
[Интервју + галерија] Душко Спасов: Сѐ околу нас е геометрија
Во хипнотизирачкиот свет на геометриската уметност со конец, деликатната интеракција на линии и форми се спојува со груба текстура за да создаде безвременски дела. Од впечатливи мандали и единствени хипнотички тестови до симболи и портрети, секое изработено визуелно парче на Душко Спасов – Дуле од Свети Николе претставува симфонија на математички јазик.
[Интервју + галерија] Душко Спасов: Сѐ околу нас е геометрија
[Фото] „Култура Бета“ го прослави својот четврти роденден
Bо кафе-книжарницата „Буква“, младинската организација за култура „Култура Бета“ го прослави својот четврти роденден. Со претставување на романот „Ронлива“ и разговор со авторката Милена Сиљаноска, 9. Поетска епизода и свирка на „Кенопсија“, „Култура Бета“ одбележа 4 години од своето основање и активна работа на нејзините платформи.
Тимот на Радио МОФ