„Интуитивното зуење на спиралата“ во Музеј на современа уметност

Савина Јанату како вокал, Костис Драгијанакис – електроника и Хектор Мавриди – керамика, се дел од „Интуитивното зуење на спиралата“ – интердисциплинарен пример на изведувачката уметност што ќе се одржи на 28 ноември од 20 часот во Музејот на современа уметност.

„Тркалото на грнчарот и грнчарот/керамичарот се продуценти на изведувачки дела во процесот на создавање тродимензионални спирали, кои се отелотворени во садовите за секојдневна употреба. Тактилните информации и механиката на машината кои се дел од производството на тие садови стануваат генератори на музички ноти: тие се истовремено и дизајнери и пренесувачи на композиции со динамика на ритамот и звукот која доминира во едно вакво искуство на музичка импровизација“, се вели во најавата.

Целта на овој интердисциплинарен пример на изведувачка уметност, е да ги истакне фундаменталните, архетипски прашања на визуелното творештво: глатко приближување на звучните, вокалните и гестикулативните изрази, како и активирање на нашиот сопствен однос со нашите сетила.

„Изведбата е лирска синергија, при што деловите функционираат како обединето тело кое го артикулира и отсликува секој еден аспект на човечката експресија и, всушност, самата суштина на творештвото“, стои во најавата за „Интуитивното зуење на спиралата“.