Жена ја освои најпрестижната светска награда за математика за прв пат откако наградата е етаблирана пред 80 години, објави Гардијан.
Иранската математичарка Мирјам Мирзакани, професорка на универзитетот Стенфорд, ќе стане првата жена во светот на која ќе и биде врачена наградата Филдс Медал, која во математичкиот свет претставува еквивалент на Нобеловата награда.
Мирзакани беше меѓу четворицата добитници на на наградата на меѓународниот конгрес на математичари одржан во Сеул, која изнесува 15 илјади канадски долари и се доделува секои четири години.
„Ова е извонреден момент, Марија Кири имаше Нобелова награди за физика и хемија на почетокот на 20 век, но во математиката ова е прв пат да имаме жена добитник на најпрестижната награда. Ова е прослава за жените“, рече Кристијана Русо, потпретседателка на Меѓународната унија за математика.
Наградената Мирзакани во интервју за Гардијан вели дека како дете сонувала да стане писател и поголемиот дел од времето читала романи
– Никогаш не мислев дека ќе продолжам по математика се до мојата последна година во средно училиште. Јас пораснав во семејство со три браќа и сестри. Моите родители секогаш ни даваа многу поддршка и охрабрување. Важно беше за нив, да имаме значајни и задоволителни професии, но тие не се грижеа многу за успех и достигнувања.
– На многу начини, тоа беше добра средина за мене, иако ова беа тешки времиња за време на војната меѓу Иран и Ирак. Мојот постар брат беше тој заради кој ме заинтересира науката. Тој ми раскажуваше за она што го научил во училиште. Мојата прва меморија на математиката е веројатно дека тој ми кажа за проблемот на додавање на броеви од 1 до 100, мислам дека прочитал во списание за популарна наука како Гаус го решил овој проблем. Решението беше прилично фасцинантно за мене. Тоа беше прв пат да уживам во убаво решение, иако не можев да го најдам самата, раскажува Мирзакани.