Родители во ирскиот град Грејстонс колективно се сложија нивните деца да не поседуваат мобилни телефони до средно училиште, јавува „Гардијан“
Родителските совети низ осум основни училишта на општинско ниво, го присвоија договорот децата да не поседуваат мобилни телефони.
„Доколку сите немаат телефони, детето нема да се почувствува осамено доколку не практикува нешто што другите го прават. Вака е полесно да се каже ‘не’“, изјавила Лаура Борн, мајка на дете во основно училиште.
Училиштата и родителите во Грејстонс ваквата одлука ја донеле минатиот месец, поради грижа дека паметните телефони ја зголемуваат анксиозноста, но исто така ги подложуват децата на „содржина за возрасни“.
Договорот кој секој може да избере дали ќе го почитува, го забранува пристапот до мобилни телефони за децата и во училиште и во слободното време, додека децата не тргнат во средно училиште, а мерката цели кон намалување на социјалниот притисок и говорот на омраза меѓу малолетниците.
„Детството станува сѐ пократко и пократко. Дури и деветгодишниците започнаа да бараат сопствени мобилни телефони. Потребата за мобилни се јавува кај сѐ помали деца“, изјавила Рејчел Харпер, директорка на основното училиште „Св. Патрик“, кое ја започнало иницијативата со анкетирање на родителите.
Претходни, ирските училишта ги забранија мобилните телефони за време на училишниот ден, за д
Реткиот пример за јавната градска иницијатива ги заинтересирал сите родителски совети на ниво на Ирска, а иницијативата стигнала и до ирскиот Министер за здравство, Стивен Донели, кој предложил мерката да се воведе и на национално ниво.
„Ирска може да биде светски лидер во безбедноста на децата и младите, преку носење одлуки со кои тие не стануваат повредени низ нивните интеракции со дигиталниот свет“ напишал тој во „Irish Times“.