Според сателитски снимки, бројот на исечени дрвја во Амазонија во јануари ја надминала бројката од истиот месец минатата година, пренесува хрватски „Н1“.
Уништени се пет пати повеќе шумска површина отколку во 2021 година, соборувајќи го рекордот од јануари 2015 година, откако се следат ваквите податоци. Вкупната површина исечена во јануари беше 430 квадратни километри, седум пати поголема од површината на Менхетен.
Екологистите го обвинуваат бразилскиот претседател Жаир Болсонаро за забрзаното уништување на шумите. Заштитата на Амазонија е исклучително важна во борбата против климатските промени.
Шумите се уништуваат за дрвјата, но и поради проширувањето на површините за садење кои ги снабдуваат светските производители на храна.
На самитот за климатски промени КОП26 кој се одржа минатата година во Глазгов, повеќе од сто влади ветија дека ќе го запрат уништувањето на шумите до 2030 година.