Владата на Исланд објави дека го суспендира ловот на китови до крајот на август, во име на благосостојбата на животните, навестувајќи и дека на контроверзната практика и се ближи крајот.
„Донесов одлука за привремено прекинување на ловот на китови“ до 31 август, изјави министерот за храна Свандис Сваварсдотир, додавајќи дека одлуката е заснована на Законот за благосостојба на животните.
Министерот додаде дека оваа активност нема иднина доколку Владата и носителите на ловечки дозволи не можат да ги гарантираат условите за благосостојба на китовите.
Последното активно ловечко друштво во земјава, „Хвалур“, веќе најави дека оваа сезона ќе биде последна поради падот на профитабилноста на риболовот.
Сезоната на ловот на китови во Исланд трае од средината на јуни до средината на септември, но активноста најверојатно нема да продолжи по 31 август.
Годишните квоти дозволуваат убивање на 209 големи и 217 мали китови. Но, уловот е помал во последниве години поради помалата побарувачка за месо од китови.
Според последните анкети, 51 отсто од Исланѓаните се против ловот на китови, наспроти 42 отсто пред четири години.