Институтот за општествени и хуманистички науки од Скопје во септември годинава направи анкета за проектот „Скопје 2014“, спроведена на репрезентативен примерок од 1240 граѓани. Во анкетата, освен за изгледот и цената на проектот, се поставени и прашања кои ги допираат културните и историските, односно идентитетските одредници кои произлегуваат од „Скопје 2014“. Еве ги наодите од истражувањето на ISSHS: