Истражување – Њујорк е најнесреќен град за живот во САД

Иако многумина сметаат дека животот во Њујорк е остварување на животниот сон, последната студија објавена од Националната служба за економски истражувања, покажува дека ова е најнесреќниот град во САД.

Њујорк

Во истражувањето насловено „Несреќни градови“, покрај Њујорк, на врвот на листата се најдоа и Питсбург, Луисвил, Милвоки и Детроит. Во првите десет најнесреќни градови влегоа и Индијанаполис, Сент Луис, Лас Вегас, Бафало и Филаделфија.

Истражување - Њујорк е најнесреќен град за живот во САД

Истражувањето е спроведено во 177 градови во САД, при што анкетираните одговарале на прашањето „Генерално, колку сте задоволни од својот живот?“. Одговорите подоцна се рангирани врз основа на приходи, цени за домување, возраст, раса, образование и семејна состојба.

Извор: Time/National Bureau of Economic Research