Пушењето џоинт еднаш на ден, се чини, не штети на белите дробови, покажа истражувањето спроведувано во текот на 20 години и потврди дека марихуаната не е штетна како што се цигарите, пренесува МИА.
Резултатите од една од најголемите и најдолгите студии спроведени за последиците од марихуаната по здравјето, покажува штетност при зачестеното конзумирање, односно за оние кои џоинт конзумираат два или повеќе пати дневно во текот на повеќе години. Податоците покажуваат дека користењето марихуана толку често, може да предизвика пропаѓање на функциите на белите дробови.
Авторите, меѓутоа, препорачуваат „внимателност и умереност кога се работи за конзумирање марихуана“. Истражувањето на пет илјади испитаници во текот на 20 години го спроведоа истражувачите од Универзитетот Калифорнија во Сан Франциско и Универзитетот Алабама во Бирмингем, а го објави „Journal of the American Medical Association“.
Во студијата се наоѓаат и резултати од помали истражувања, со кои е докажано дека марихуаната содржи некои исти токсични хемикалии како и цигарата, но нема ист ризик кој би можел да поттикне заболување од болестите на белите дробови.
„Не е јасно зошто тоа е така, но можно е причина за главната состојка на марихуаната, ТХЦ, која го предизвикува „она high чувство“. ТХЦ исто така, помага во борбата против воспаленија и може да ги неутрализира ефектите на многу поиритирачки хемиски споеви кои се наоѓаат во дрогата“, изјави д-р Доналд Ташкин, професор по медицина на Универзитетот Калифорнија.
Експертите одвоено го анализирале дејството на цигарите и марихуаната кај конзументите кои ги земаат и двете и кај оние кои пушат само марихуана или само цигари.
Анализата на резултатите покажува дека марихуаната не штети на работата на белите дробови, а дека цигарите имаат негативни последици. Иако „џоинтот“ има речиси иста количина токсини како и цигарата, тие во текот на денот сепак се пушат многу помалку, а и начинот на вдишување е поблаг, што на белите дробови, во однос на цигарите, им дава релативна заштита, велат научниците.
Испитувањата затоа покажале постојано слабеење на функциите на белите дробови кај пушачите на цигари во текот на дваесетгодишното истражување.