Корисниците на социјална мрежа Твитер наутро објавуваат смирени и аналитички постови, додека навечер се емотивни и импулсивни, покажува обемната анализа на твитови направена од автори од Универзитетот Бристол во Англија. Тие анализирале седум милијарди зборови, во повеќе од 800 милиони пораки на Твитер.
Експерт за вештачка интелигенција Нело Кристанини од Универзитетот во Бристол и неговите колеги анализирале анонимни пораки на Твитер во 54 големи градови во Велика Британија, во период од четири години, по што ги класифицирале според 73 индикатори поврзани со различни стилови на размислување.
Една студија објавена во научното списание „Plos One“ открива дека корисниците помеѓу 5 и 6 часпт наутро користат најголем удел на зборови поврзани со логично размислување, интелигенција и образование.
Студијата заклучува дека употребата на јазикот се менува силно и очекувано во согласност со дневниот циклус на телото, и тоа се вклопува во разликите на нервните активност на ниво на нашиот мозок, метаболизам и хормони.