Излегувањето од изолација, италијанците го прославија со својот омилен деликатес, сладоледот, пренесува босански „Аваз“.
По неколку недели поминати во своите домови, многумина одлучија да се почестат со сладолед. Индустријата е спасена, соопштија од Националната конфедерација на земјоделските производители „Колдирети“.
Во земјата има 39.000 слаткарници кои вработуваат 150.000 луѓе, а на годишно ниво продаваат сладолед кој им носи профит од 2.8 милијарди евра. Речиси 240 тони сладолед е изеден минатиот викенд во Рим и во провинцијата Лацио, но, во деликатесот подеднакво уживале и во другите делови на земјата.
Потрошувачката не се должи само на завршувањето на изолацијата, туку и на температурите кои се над просекот. Во Италија, ова е најтопла година откако започнале мерењата во 1880 година.
Секој Италијанец просечно јаде повеќе од шест килограми сладолед на годишно ниво.