Откако Светската здравствена организација го прогласи КОВИД-19 за пандемија, граѓанин од италијански Рим е забележан како се движи наоколу со огромен картонски диск околу својата половина, како лична мерка за социјална изолација од коронавирусот.
Клипот со човекот со дискот веднаш се прошири низ социјалните мрежи.
До вчера, во Италија беа регистрирани 827 смртни случаи од 12.462 потврдени случаи на КОВИД-19.