Група на италијански форензички експерти во градот Каљари соопштија дека реконструирале ДНК-секвенца на поетот Gabriele D’Annunzio (1831–1893), користејќи остатоци од сперма на марамче, за која со сигурно се знае дека потекнува од познатиот книжевник од првата половина на 20 век.
Истражувачите велат дека немаат намера да направат клон на поетот, туку да докажат дека нивните методи можат да се користат во решавање на стари криминални случаи. Марамчето со остатоци од сперма, поетот и го дал на својата љубовница, грофицата Olga Levi Brunner, по ноќ што ја поминал со неа во 1916. Сега, по речиси 100 години, неговата ДНК е рекоснтруирана без да се ексхумира неговото тело, соопштија форензичарите.
Ексцентричниот D’annunzio бил поет, писател, новинар, драматург и војник, кој потекнувал од благородничко семејство. Познат е како припадник на декадентниот правец во литературата, како и по тоа што неговите идеи влијаеле врз развојот на италијанскиот фашизам и врз стилот на Бенито Мусолини. Тој ја предводел италијанската окупација на хрватскиот град Ријека во 1919, воспоставувајќи краткотрајна независна држава во градот и околината.