Италијанскиот трибјут бенд на „Нирвана“ – „Мариголд Бокс“ на 22 февруари доаѓа во Скопје

Трибјут бендот „Мариголд Бокс“ (Marigold Box) е целосно посветен на легендарните песни на бендот „Нирвана“. Бендот од Бергамо, Италија доаѓа во Скопје доаѓа на 22 февруари, со концерт од 20:30 часот во клубот „Минус Еден“.

„Без костими, без перики, само вистинската суштина на Курт Кобејн!“, стои во најавата.

Од „Андерфест“ велат дека составот се смета меѓу најдобрите „Нирвана“ трибут бендови во цела Европа, а во 2025 година ќе свират на најважниот трибјут фестивал во цела Германија – „Тандер Рејл Фестивал“, како и во познати клубови во Швајцарија, Србија, Италија.

„Тие ја враќаат моќната и верната музика во живо на Курт Кобејн и Нирвана со огромно шоу во живо“, велат од „Андерфест“.

Билетите може да се набават од www.drugastrana.mk