„itNOVUM 2017“ – настан за подигнување на свеста и развој на информатичките науки

Од 21 до 23 април во Скопје ќе се одржува „itNOVUM 2017“, организиран од Младинската организација iNOVUM во соработка со Академијата за 3Д и Game design.

Се работи за едукативен настан наменет за млади лица, воглавно од 16 – 30 години, со цел за подигнување на свеста и развој на информатичките науки.

„Покрај средношколците и студентите, учевство ќе можат да земат и компании, кои ќе имаат можност да си ја претстават својата компанија со промотивни материјали, семинари, предавања и слично на следниов линк. Досега, проектот е поддржан од Европската Унија, Министерството за култура на РМ, Град Скопје и Агенцијата завработувње на Р. Македонија“, велат од iNOVUM.

Повеќе детали окoлу учеството можете да најдете на следниот линк.

Како што информираат од iNOVUM, тимското презентирање на изработените проекти и наградувањето ќе се одржи на 6 мај.

Инаку, Младинската организација iNOVUM е организација составена од млади лица, со цел промовирање на IT културата во Македонија.

„Сметаме дека во овие тешки времиња каде што за младите е речиси невозможно да најдат работа во својата бранша, ние нудиме можност тие да се образуваат и се насочат кон една професија која нуди неверојатни можности како во земјава така и во странство. Организацијата на настанот е под палка на инструкторите од 3Д Академијата, М3ДС“, велат од iNOVUM.