„Изборологијa“ – Прва онлајн друштвена игра за политичка едукација

„Изборологија“ е прва онлајн друштвена игра за политичка едукација што ја изработи Здружението Лидери за едукација, активизам и развој.

Преку играта, учесниците имаат можност поблиску да се запознаат со политичкиот систем, да разберат како функционира парламентарната демократија, како се спроведуваат изборите за пратеници во Собранието и на кој начин политичките партии учествуваат во парламентарните избори.

„Преку носење на стратешки одлуки, спроведување на мерки, активности и остварување на коалиции, играта овозможува да „влезете во чевлите“ на лидер на замислена политичка партија и да учествувате во парламентарните избори во нашата земја“, велат од здружението.

Профил за учество во играта може да се креира на следниот ЛИНК и веднаш да се започни со играње. Покрај ова, до 10-ти јануари трае пријавувањето за турнир.

„Побрзај да креираш профил за да научиш како да победиш на парламентарните избори и да освоиш награда“, повикуваат од здружението.