Конкурсот за Студентско организирање заврши на 8ми март. Три члената комисија составена од двајца надворешни соработници Ристе Змејкоски (Cre8ive8) и Далибор Стајиќ (Излез) и еден внатрешен – Катерина Васковска како член од Радио МОФ, го избраа побеникот на конкурсот за Студентско организирање.
Победникот е Николај Митрески, неговиот есеј „Господар на студентите“ се искачи највисоко по бројот на поени од страна на комисијата.
Благодарност упатуваме до сите пријавени на конкурсот, посебно до Добромир Алексиќ, Ангела Зумровска, Викторија Јакимовска и Анте Гулин кои освоија ист број на поени со своите креативни решенија и го делат второто место.
Прочитајте го победничкиот есеј тука.