Професорот во пензија Денко Малевски и авторот на првиот Речник на антонимите во македонскиот јазик Емил Ниами се добитници на годинешната награда „13 Ноември“ во областа на науката.
Наградата што ја доделува Град Скопје за 2021 година, за сферата образованието и воспитание, отиде кај Мишо Докмановиќ, редовен професор Правниот факултет„Јустинијан Први“ при УКИМ за посебен придонес во развојот на науката и високото образование.
Од областа на публицистиката добитник е новинарот и публицист Слободан Петровиќ, а на археологот Ирена Колиштркоска Настева и е врачено истото признание за постигнувања во културата. Нејзината награда, како што пишува комисијата, е за непрекинато 35-годишно активно битисување, видно учество во сферата на културата, музејското работење, со акцент на археологијата.
Актерот и режисер Раде Шербеџија исто така е добитник на „13 Ноември“ поради голем придонес во културно-уметничкиот живот и афирмацијата на Скопје преку филмот „Ослободувањето на Скопје“.
Во областа „ученици и студенти“, овој пат наградата отиде кај Сандра Недановска, ученичка во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје поради контонинуирани успешни постигнувања во наставните и воннаставните активности.
Награда доби и медицинскиот тим на доктори кој ја изведе првата операција во Македонија: Имплантација на вегус нерв стимулатор (ВНС), кај пациенти со епилепсија резистентна на лекови.
Целата листа на наградени може да се види ТУКА.