Здружението за едукација „Академик“ ги избра најдобрите творби на литературниот конкурс за ученици на тема „Животот и делото на Васил Иљоски“, кој го распиша на 15-ти минатиот месец по повод 20 години од смртта на драмскиот писател.
На конкурсот пристигнале 47 творби, а Здружението доделило 12 награди: прва, втора и трета награда за проза и за поезија за ученици од основно и од средно образование.
Победниците ќе бидат прогласени на 1 ноември 2015 на отворање на изложба во чест на Иљоски, неговиот роден град Крушево.