Радио МОФ и Инстаграм публиката го избраа победничкото меме на конкурсот „Инфодемија“, испратено од лицето под псевдоним Базинга.
Во Топ 3 мемиња, според гласањето на Инстаграм, влегоа и следните две мемиња.
Најмногу гласовите од публиката доби победничкото меме со возот, исто како и од жири комисијата составена од претставник од МОФ и Радио МОФ.
Радио МОФ во рамки на кампањата #Инфодемија како дел од „Проектот за младинско изразување“ поддржан од Европската Унија го објави конкурсот за креативо меме поврзанo со актуелната пандемија Ковид 19.
Целта на конкурсот беше да ја подигне свеста за важноста за вклучување на младите во општествени процеси, да се спротивстави на дезинформациите и да повика на одговорност за справување со пандемијата.
Авторот на најдобрата илустрација ќе биде награден со ваучер во износ од 6.000 денари за ИТ опрема.
Со конкурсот, Радио МОФ ја затвора кампањата #Инфодемија. Во изминатиот период, под хаштагот #Инфодемија , Радио МОФ работеше на подкасти, анализи и текстови поврзани со пандемијата на Ковид 19, како еден од начините за борба со дезинформациите кои се шират побрзо и од новиот коронавирус.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.