Издавачкиот центар ТРИ го збогати фондот на школската библиотека во ООУ „Крум Тошев“ од с. Трубарево со одбрани книги за млади.
„Од денес учениците од ООУ “Крум Тошев” ќе имаат на располагање нови 200 извонредни наслови преку кои ќе се обидуваме да им го доближиме чудесниот свет на книгата и да ги поттикнеме таа да им стане секојдневје и верен пријател во животот“, информираат од издавачкиот центар.
Акцијата е дел од нивната акција „Фраерски е да се чита – недела на кул книги во ТРИ“ која трае цела недела. Целта на кампањата е да се приближи помладата читателска публика до книжевноста и да се поттикне читањето.
* Оваа содржина е изработена со помош на Европската Унија во рамките на Проектот за младинско изразување. За објавените содржини е одговорен Младински образовен форум и истите нужно не ги одразуваат ставовите на Европската Унија.