——
Издиши се – Скриеното влијание на физичката активност/спортот врз менталното здравје – Четврток 20.06.2024 S01E14 – 19:00
Темата на четиринаесеттата епизода од втората сезона на „Издиши се” се однесува на спортската психологија.
Водителката Симона со гостинката Ева Барамачева, која е лиценциран спортски психолог разговараа за влијанието на спортот врз менталното здравје и важноста да се биде физички активен.
——
Издиши се – Како арт терапијата може да го подобри менталното здравје?
Четврток 06.06.2024 S01E13 – 19:00
Темата на тринаесеттата епизода од втората сезона на „Издиши се” се однесува на арт (уметничка) терапија.
Водителката Симона со гостинката Цветанка Бурзевска Штерјова, која е лиценциран психолог, психотерапевт и арт терапист, разговараат за придобивките и целите на арт терапијата, како и за различните техники кои се користат во ова поле.
——-
Издиши се Четврток 23.05.2024 S01E12 – 19:00
Темата на дванаесеттата епизoда од втората сезона на „Издиши се” се однесува на градење успех и одржување на ментално здравје.
Водителката Симона со гостинот Ивица Павлов кој е лиценциран психолог и когнитивно-бихевиорален советник за возрасни лица и родители, разговараат за тоа како да се одржи стабилно ментално здравје во процеот на градење на кариера.
——-
Издиши се Четврток 09.05.2024 S01E11 – 19:00
Темата на единаесеттата епизoда од втората сезона на „Издиши се” се однесува на партнерските релации и градење на здрава врска.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Бојана Стојменовиќ Петровска, која е лиценциран психолог разговараат за тоа како да се изгради здрава партнерска врска која нема да има негативно влијание врз животот на партнерите.
—-
Издиши се Четврток 25.04.2024 S01E10 – 19:00
Темата на десеттата епизoда од втората сезона на „Издиши се” се однесува на траума и посттрауматското стресно нарушување или PTSD.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Розалија Секулоска, која е лиценциран психолог и психотерапевт разговараат за траумите и нивното влијание врз нашиот живот, како и за посттрауматското стресно нарушување или PTSD кое игра голема улога во извршувањето на сите животни предизвици, ситуации и навики.
———
Издиши се Четврток 11.03.2024 S01E9 – 19:00
Темата на деветтата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Импостер синдром или синдром на измамник.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Сања Стефановиќ која е лиценциран психолог, психотерапевт и едукатор, разговараат за значењето на Импостер синдромот и неговото влијание врз нашите секојдневни активности.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки за тоа како да се намали неговото влијание.
———
Издиши се – Елена Џебр Како да се подобри мотивацијата и да се остварат личните цели? 27.03.2024 S01E8 – 19:00
Темата на осмата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесувана мотивацијата и остварувањето на личните цели.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Елена Џебр која е лиценциранпсихолог, психотерапевт и тренер за личен и професионален развој, разговараат заважноста на мотивацијата при остварување на личните цели.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки за тоа како да се зголеми мотивацијата за полесно управување со секојдневните активности.
——-
Издиши се Четврток 14.03.2024 – S02EP7 – 19:00
Темата на седмата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на емоциите и емоционалната интелигенција.
Водителката Симона Паскоска со гостинот Бојан Ѓорѓиоски кој е лиценциран психолог, разговараат за изразувањето на емоциите и нивната важност во нашите животи.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки за тоа како правилно да се управува со емоциите и колку е важно да се поседува емоционалната интелигенција.
——-
Издиши се Четврток 29.02.2024 S02EP06 – 19:00
Темата на шестата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесувана врсничкото насилство.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Тиана Ивановска која е лиценциранпсихолог и психотерапевт, разговараат за врсничкото насилство кое е многу честа појава во нашето општество .
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки за тоа кој е првиот чекор кој треба да се преземе кога некој е жртва на врсничко насилство и како да се постапува во иднина со цел полесно надминување на целата ситуација.
———
Издиши се SЕ02EP05 – 15.02.2024 – 19:00 – Како да ја зголемите вашата самодоверба?
Темата на петтата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на самодовербата.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Ангела Богдановска која е лиценциран психолог, се обидуваат да објаснат што претставува самодовербата и колку е таа важна во нашите животи.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки како да се одржи самодовербата и самопочитта на повисоко ниво и како да се управува со неа.
Исто така, Симона во подкастот објаснува за можностите на онлајн платформата Разговор.мк.
____
Издиши се 25.01.2024 – S02EP04 – Стрес, анксиозност, депресија-како да се пронајде светлината на крајот од тунелот?
Темата на четвртата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на стресот, анксиозноста и депресијата.
Водителката Симона Паскоска со гостинот Фики Гаспар кој е лиценциран психолог, се обидуваат да ги дефинираат овие состојби и преку секојдневни примери да ги доближат до слушателите.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки како ваквите состојби успешно да се менаџираат со цел да не влијаат целосно врз нашето секојдневие.
____
Издиши се S02EP03 – Влијанието на музиката врз менталното здравје. Четврток 11.01.2024 – 19:00
Темата на третата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на влијанието на музиката врз менталното здравје
Водителката Симона Паскоска со гостинот Никола Дукоски кој е лиценциран психолог, се обидуваат да ги дефинираат сите начини преку кои музиката влијае врз нас и нашето секојдневие.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки како правилно да се користи музиката како и музикотерапијата која изминативе години зема голем замав.
Поздрав и се гледаме за брзо!
_____
Издиши се S02EP02 – Паничните напади и нивното влијание во секојдневниот живот. Четврток 28.12.2023 – 19:00
🗣️ Темата на втората епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Паничните напади и нивното влијание во секојдневниот живот.
Водителката Симона Паскоска со гостинот Стефан Стојановски кој е психолог, се обидуваат да ги дефинираат паничните напади и преку секојдневни примери да ги доближат до слушателите.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинот истакнуваат насоки и препораки како да се избегнат паничните напади и доколку се појават кои чекори треба да се преземат за да не влијаат целосно во секојдневните активности.
____
Издиши се Четврток 14.12.2023 – 19:00
Темата на првата епиозда од втората сезона на подкастот „Издиши се”, се однесува на Burnout синдромот и неговото влијание во секојдневието.
Водителката Симона Паскоска со гостинката Верица Бакулеска која е лиценциран психолог, се обидуваат да го дефинираат burnout синдромот и преку секојдневни примери да го доближат до слушателите.
Преку едукативниот разговор, водителката и гостинката истакнуваат насоки и препораки како да се избегне синдромот на прегорување и доколу се појави кои чекори треба да се преземат за да не влијае целосно во секојдневните активности.
——-