Изградбата на покриениот базен во Охрид која трае веќе осум години ќе продолжи со нови подизведувачи, јави охридската локалната телевизија ТВМ.
Како што наведуваат тие, месецов бил потпишан договор со нови подизведувачи кои ветуваат дека објектот ќе биде готов до септември оваа година.
Според последните проценки, работите на базенот се завршени околу 60 отсто, а во внатрешноста треба да се средат коритата и да се опреми базенот.
Радио МОФ во повеќе наврати пишуваше за изградбата на покриениот базен најавен уште пред 12 години. Изградбата на покриениот базен неколкупати се одоговлекуваше поради, како што наведе директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски претходно откажување на надзорот на изградбата, но и проблем со претходниот изведувач.
Уште еден нов рок доби покриениот пливачки базен во Охрид кој се гради веќе 8 години