Своја премиера во Кинотека ќе има документарниот филм „Излез“, кој цели да ја подигне јавната свест за правата на преживеаните од трговијата со луѓе.
Премиерата на документарецот ќе се случи на 20 декември во 12 часот напладне, а настанот е во организација на Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена Порта – Ла Страда“.
Филмот е во режија на Сибел Абдиу, а актерската екипа ја сочинуваат Миа Јовевска, Ебру Мусли, Милица Илиевска и Викторија Митева.
Монтажата е на Скофјан Бејта, додека директор на фотографија е Љуљзим Луиџи Бејта.
Влезот е бесплатен, но потребно е да се пополни формулар за посета.